Последното збогум на Сиксто Родригез

Оваа недела светот се збогува со Сиксто Родригез (Sixto Rodriguez). Уличниот поет и музичар за чија животна приказна е направен еден од најдобрите документарни филмови почина на 81 година.

Најголем дел од светот дозна за музиката на Сиксто Родригез благодарение на режисерот Малик Бенџелул и филмот „Searching for Sugar Man“. Музичарот кој беше потполно анонимен во САД беше суперѕвезда во Јужна Африка. Ова не го знаеше ниту самиот Сиксто, a да не беа љубителите на неговата музика од Јужна Африка веројатно немаше никогаш да го слушнеме. Филмот ги следи обидите на Стивен „Sugar“ Сегерман и Крег Бартоломеј Страјдом да откријат што се случило со музичарот и дали се вистинити шпекулациите дека умрел.

Филмот ја оживеа кариерата на Сиксто Родригез. Престана да работи како градежен работник и започна да оди на турнеи во Јужна Африка и Европа. Иако од турнеите заработуваше шестцифрени суми, продолжи да живее скромно. Остана во истата куќа во која живееше 40 години, нема автомобил, телевизор или компјутер.

Неговите песни се мелодични и емотивни, а текстовите се текстови на уличен поет. Неговите современици го споредуваа со Боб Дилан.

Сиксто Родригез има два албуми „Cold Fact“ издаден во 1970 и „Coming from Reality“ издаден во 1971. По филмот се зборуваше дека работи на нов албум, но за жал никогаш не го издаде.

Total
0
Shares
Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Слични написи