„Лице“ од Peach Vice (Пичвајс) е нивниот нов сингл објавен на 25.06.2023, со кој повторно се појавуваат на музичката сцена.
Тие беа дел од изведувачите на годинешниот (2023 година) Д Фестивал во Дојран. Таму бендот ја престваи својата нова песна „Лице“. Од неговото објавување синглот доби позитивни коментари. На 21.07.2023 тие имаа настап за нивните фанови во скејт паркот во Охрид.
Аудиото на оваа песна е снимено од Иван Петровски, освен тапаните кои се снимени од Нино Спиркоски. Аудиомиксот и мастерингот се на Раде Биковски, а видео спотот е направен од Trilluminatigodajmigo Productions.
Peach Vice на почетокот на 2023 година објавија проширено издание (EP) со назив „EKIPIZZA“ со што стекнаа поголема популарност. Тоа им помогна да имаат повеќе настапи низ цела Македонија. Како и на песната „Лице“ од Peach Vice, така и на изданието „EKIPIZZA“ (Екипиза) аудио инженерот е Раде Биковски кој се потпишува и на други изданија од други изведувачи.