Новата песна на Јосиф со наслов „Fashion week“ е втората песна од долгонајавуваниот албум „Универзум“. Како и првата песна од албумот „Tokyo“ промоцијата помина на социјалните мрежи. Песната беше споделена на социјалните мрежи од многу луѓе на кои им се допадна новата песна на Јосиф.
Според ритамот и начинот на пеење новата песна на Јосиф потсеќа на песните на светски познатиот артист The Weekend.
Песната „Fashion week“ има видео запис. Автор на видео записот е Томислав Живковиќ. Видео записот е исполнет со модели и изгледа многу модерно.
Како и во песната „Tokyo“ текстот на оваа песна е на Јосиф Ристовски и Андреј Илиевски. Автор на музиката е Јосиф Ристовски кој ги пее и вокалите. Аудиомиксот и мастерингот се на Лазар Цветкоски кој има учество во песната на Теа – „Многу барам“.
Од Јосиф се очекуваат уште две песни од првиот дел (chapter) од албумот „Универзум“. Следната песна од албумот е соработка со трап артистот Раус.