„Брои до 3“ е новиот сингл на Fiction

Fiction - брои до три

Бендот Fiction после две години се враќа со нов сингл „Брои до 3“ објавен на нивниот Јутјуб (YouTube) канал „Fiction“ на 31 мај 2023.

Од објавувањето, песната има десет илјади прегледи на Јутуб (YouTube) и преку 2.000 слушања на Спотифај (Spotify).

Виктор Захариев кој во оваа песна е со улога на гитарист и вокалист (а воедно и во групата Fiction), ги напишал музиката и текстот за овој сингл.  Аудиомиксот и мастерингот се на Раде Биковски.

Останатите членови на групата кои исто така учествуваат во реализирање на оваа песна се:

  • Петар Ѓуревски- вокал,
  • Филип Андонов– бас гитара и
  • Теодор Теодосиевски- Тапани

Fiction во последните неколку години имаат издадено уште пет синглови. Тие ја зголемија својата видливост кај музичката публика преку нивниот сингл „Дали знае?” објавен на 5 декември 2020 година. Песната „Брои до 3“ е продолжение на нивната серија песни со видео спотови објавени последниве 12 месеци.

Total
0
Shares
Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Слични написи