„Skyline“ е новата песна на макенонецот од Швајцарија

Ген - Skyline

Ген кој потекнува од Струмица живее повеќе од 18 години во Берн, Швајцарија. Тој иако живее надвор од Македонија повеќе од 18 години неговите песни ги изведува на македонски јазик. Името на неговата нова песна е „Skyline“ којашто е една од многуте песни објавени на познатиот Јутјуб канал Империа (Imperia). Некои од неговите песни се „Assasin“, „Ленто“ и „Комета“.

Песната нема класичен видео спот, туку има анимирано видео (visualizer) кое трае 2 минути и 23 секунди.

Погледнете го видеото и слушнете ја песната: Го прашавме Ген што вели за неговата нова песна „Skyline“. Тој ни одговори:

Новата песна е во соработка со мојот продуцент Пако (Paco) кој се погрижи за битот и аранжманот како и миксот на траката. Моите текстови ги пишувам секогаш сам и секогаш на македонски. Повеќе од 1 година сум член во Империа каде што се Jala Brat и Buba Corelli.

Покрај текстот и вокалите во оваа песна и музиката е на Трајче Гогов (Ген).

Total
0
Shares
Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Слични написи