После хитот „Белa“ (Bella) што беше забележан од балканската публика, Лара објави нова песна со назив „Нека гори“. Песната е достапна на Јутјуб каналот на Урбан Рекордс (Urban Records). „Нека гори“ е летна песна што има видео спот објавен на 16 јули 2023.
Како и во сите песни на Лара така и во оваа авторот на текстот е Робин Зимбаков.
Учисници во реализација на синглот се следниве личности:
- Музика: Иван Јованов (Iwayo)
- Текст: Робин Зимбаков
- Аранжман: Иван Јованов (Iwayo)
- Вокал: Лара Иванова
- Mикс и мастер: Иван Јованов (Iwayo)
- Програмирање: Иван Јованов (Iwayo)
Континуираниот раст на популарноста на Лара го потврдуваат и бројните коментари на објавите на нејзините профили на социјалните мрежи.
Во првите 24 часа видео спотот на Лара поставен на Јутјуб има околу 8.000 прегледи.