„Адреналина“ е новата песна на Cruz, Mdaveiro и Теов кои објавија 4 песни за помалку од 6 месеци

За младите момци од Artland Sound ова е 4. песна во последните 6 месеци. Песната „Адреналина“ е соработка помеѓу тројца млади и нови артисти.

Цруз (Cruz) и Теов имаат и други заеднички песни како „Тајна“, „Shake that“ и „Ибиза“. Иако на М’давеиро (Mdaveiro) ова му е прва соработка со нив двајца тој одлично се вклопува.

Песната има и видео спот. Авторот на видео спотот е Димитар Долгоски (Lordofails). Моделот во видео спотот е Марија Митреска.

Учeсници во реализација на „Адреналина“ се:

Текст: Даниел Нанчески (Cruz), Менде Димески (Mdaveiro) и Иле Мирчески (Теов)
Вокал: Даниел Нанчески (Cruz), Менде Димески (Mdaveiro) и Иле Мирчески (Теов)
Mикс и мастер: Илија Михајлоски (Лијаски)

Total
0
Shares
Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Слични написи