Украинската пејачка позната под сценското име Марув (MARUV) во јули 2023 конечно ја претстави песната „Killing Me Softly“. Песната е напишана во 2019 година, а видеото е подготвено од 2020 година да го види светлото на денот. Сепак, до финалната верзија на песната што сега може да ја преслушаме доаѓаме по неколку промени и бројни верзии на песната. Верзијата што најмногу и се допадна на пејачката Хана Борисива Корсун (Украински: Ганна Борисівна Корсун) е замислена како дует помеѓу двете омилени алтер-ега на пејачката MARUV и Sharlotta Ututu.
„Соработката“ на MARUV и Sharlоtta донесе еден малку поинаков звук од она што пејачката вообичаено го работи од нејзината драстична трансформација од 2017 година. Тоа секако може да се заклучи по текстот, но музика и визуелниот стајлинг на видео записот. Во случајот носи поинаква емоција од вообичаените поп – денс/електронски песни по кои пејачката е позната.
Песнава има навистина сложена историја. Дури мислам и дека е маѓепсана. Ја напишав во 2019. Го снимив видеото во 2020 година. Двапати ја променив мелодијата. Имаше 12 верзии на песната пред да ја одобрам финалната верзија. Вокалите се снимени 4 пати, а сѐ уште не сум целосно задоволна од резултатот.
вели пејачката во објавата на YouTube
Која е МАРУВ?
Зад MARUV се крие украинската пејачка Хана Борисивна Корсун. Од 2017 година 32-годишната пејачка како уметничко име го користи името MARUV (секогаш со големи букви). Досега таа има издадено четири студиски албуми: „Stories“ (2017), „Black Water“ (2018), „No Name“ (2021), „Killing Me Softly“ (2023) и 2 EP изданија: „Hellcat Story“ (2019) и „Fatality“ (2020) (како Shlakoblochina).
Во 2019 година MARUV требаше да биде украински претставник на Евровизија. Сепак правата за песната со која победи „Siren Song“ беа во сопственост на рускиот издавач Warner Music Russia, а издавачот и организираше концерт во Москва. Откако беше јасно дека MARUV ќе има два концерти во Москва, украинскиот министер за култура излезе со соопштение дека музичари кои не го препознаваат територијалниот интегритет на Украина и музичари кои имаат турнеи во Русија не можат да ја претставуваат земјата на Евровизија.
2 comments