„Токио“ од Јосиф е неговата нова песна

Јосиф - Токио

По 2 години пауза, Јосиф се врати на музичката сцена со нова песна Токио (Tokyо). Тој го најави својот прв албум со назив „Универзум“ во кој се очекува и соработка со трап артистот Раус. „Токио“ од Јосиф е објавена на 14 јуни преку промоција на социјалните мрежи. Новата песна на Јосиф ја споделија и артистите Таско, Тракер и Луна со кои Јосиф заедно издаваше за Урбан рекордс (Urban Records)

Бебо далеку од мене,
зошто не сум веќе ист,
правам лоши ствари,
зошто не сум веќе чист.

е дел од текстот за песната за кој се заслужни Јосиф и Андреј Илиевски. Песната „Tokyo“ има певлив поп звук што лесно останува во увото на слушателот. За техничкиот квалитет на песната е заслужен музички продуцент Лазар Цветковски.

Песната „Токио“ од Јосиф е објавена на новиот Јутјуб (YouTube) канал „Univerzum Music“. Јосиф во една своја објава на социјалните мрежи соопшти дека почнува од нула.

Едвај чекам да ви покажам што сѐ спремаме овој период… тешко ке биде зошто практично почнуваме од нула, но сигурен сум дека ќе ги поместиме границите!

„Fashion week“ е името на следната песна од албумот која нестрпливо ја очекуваат сите фанови на Јосиф. Песната е најавена за почетокот на јули 2023.

Total
0
Shares
1 comments
Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Слични написи