„10 Љубови“ на Наташа Миха

„10 Љубови“ од Наташа Миха

На 21 декември 2022 година Наташа Миха го промовираше својот албум со назив „10 Љубови“. Албумот содржи 10 песни, а називот на албумот алудира на тоа дека Миха има голема љубов за секоја од десетте песни на албумот.

„10 Љубови“ содржи 6 од сингловите што Наташа Миха трпеливо ги работеше и објавуваше во период од 2 години (од 2020). Во декември 2022 беше направена промоцијата на албумот во Кафе барот Филхармонија во Скопје. Албумот има свое ЦД издание издадено од ПМГ Рекордингс (PMG recordings). Покрај ЦД изданието, албумот може да се најде на сите популарни сервиси за преслушување музика вклучително и Spotify, Apple Music и Deezer.

Покрај тоа што Наташа Миха е изведувач на песните од албумот, таа заедно со Дамир Пух е и музички автор на песните. „Сѐ што знам“ е првата песна на албумот. Тоа е поп песна со примеси на трип хоп ритам и звуци што потсетуваат на електронска музика. Оваа песна има и интересен видео запис. Последната песна на албумот се вика „Песна за крај“ и е поп балада во која има трип хоп елементи и елементи од електронската музика. За разлика од претходно споменатите песни, песните „Те сонив“ и „Кругот“ имаат делови во кои доминира моќната гитара на Дамир Пух. Оваа песна би можело да се атрибуира како поп-рок песна.

Верувам дека на љубителите на популарната музика што го сакаат рок звукот и звукот на трип хоп ритамот, ќе им се допадна албумот „10 Љубови“.

Total
0
Shares
Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Слични написи