Дупер го објавија синглот „Дадада“

Дупер - „дадада“

Дупер го објавија синглот „Дадада“ за кој воедно има и видео илустрација (видео спот).

Овој сингл на Дупер доаѓа по пауза од нешто повеќе од една година од, сега веќе пред последниот сингл „Не ми даваш сон“.

И овој паt Дупер за сингл има автентична песна, што веќе според стилот е препознатлива за овој поп-рок бенд. Останува да видиме дали „Дадада“ ќе има успех како некој од нивните претходни хитови.

Учeсници во реализација на песната „Дадада“ се:
Музика: Борис Какуринов
Текст: Илчо Нечовски
Аранжман: Борис Какуринов
Вокал: Илчо Нечовски
Mикс и мастер: Ангел Ќосев, студио „Подрумот“
Тапани: Кристијан Лафазановски
Бас: Сашо Димовски

Автори и учесници во реализација на видео записот се:
Режисер: Трифун Ситниковски
Директор на фотографија: Сергеј Сарчевски
Монтажер: Трифун Ситниковски
Колорист: Сергеј Сарчевски
Асистент на камера: Михаил Савески
Модел: Соња Патлиџанковска

Total
0
Shares
Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Слични написи