„Choose My Way“ – последниот сингл на Андреа

Choose my way - Андреа

„Choose My Way “  е последниот сингл на младата поп пејачка Андреа Коевска. Официјалната промоција на изданието беше на крајот на минатиот месец, со премиера на Јутуб (YouTube) на 27 август.

И овој пат станува збор за меланхолична електропоп балада, по кои Андреа (Andrea) е најпрепознатлива. Текстот на „Choose My Way“ е на Андреа и на Александар Масевски. Масевски е автор и на музиката и аудио продуцент на изданието кој повторно ги комбинира ритам машините со класичните инструменти како виолината и пијаното за да создаде модерна музика. 

„Овој пат, мојата љубов е за сите тинејџери кои се борат самите со себе, со своите родители или со околината. Сите знаеме дека нашите родители го сакаат најдоброто за нас (или она што мислат дека е најдобро), но на крај сепак НИЕ сме ОНИЕ кои знаат што не прави навистина среќни и исполнети. Не брзајте, размислете што сакате да бидете, што сакате да правите, следете го своето срце. Луѓето секогаш ќе имаат нешто да кажат … Не им се лутете! Тие кажуваат што е всушност најдобро според нив … Насмевнете се и продолжете. Изберете го својот пат“

коментира Коевска за „Choose My Way“.

Андреа е една од ретките македонски пејачки чии песни се слушаат и надвор од Македонија.

„I Know“„I Don’t Know Your Name“„Betting on You“ и „Heartbreak“ се емитуваат на над 200 радио станици низ целиот свет во над 40 земји. 

Песните на Андреа се преслушани и над 9 милиони пати на популарната мрежа за споделување на куси видеа Тик ток (TikTok), и над 2,2 милиони пати на Јутуб (YouTube). Ова и не е чудно со оглед на квалитетот што го поседува интернационалниот тим на Андреа и очигледното разбирање на духовите и емоциите што ги носат авторите на музиката и текстовите, Александар Масевски и Андреа Коевска. „Choose My Way“ е уште една потврда во низата за тоа. 


Текстот е преземен од новинската агенција Мета.МК. Првата објава на овој текст е достапна овде.

Total
0
Shares
Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Слични написи