Прв сингл на битолскиот состав Код 369 (Code 369)

Code 369 - остани до крај

Битолската музичка група Код 369 (Code 369) на 20 октомври 2021 година ја претстави својата нова песна „Остани до крај“. Песната е интересен спој на повеќе жанрови, лесен за слушање, па затоа го сместуваме и во групата на популарната музика за поширокиот слушачки аудиториум.

Музичкиот стил на Код 369 е специфичен и не е едноставно да се смести во некој одделен жанр, а за својата музика од групата велат:

„Во музиката на Код 369 се внесени нови музички моменти на фанк, џез и класични инструментализации кои проткајуваат во препознатливата рок основа и влијанија на современата музика од доменот на поп и рок. Нивната музичка мисла секогаш се наоѓа на границата помеѓу алтернативниот рок и комерцијалната рок и поп музика, задржувајќи ја свежината, слободата и авангардните идеи на првата категорија и прифатливоста на втората. Во нивните текстови може да се препознаат универзалните човекови и книжевни вредности, љубовта како движечка сила и моќта на индивидуата како двигател кон своето најдобро јас“.

Синглот „Остани до крај“ е најава за првиот албум со назив „Stages of Love“, чија промоција е закажана за 27 октомври 2021.

Групата Код 369 е основана 2020 година во Битола. Членови на бендот се Ирена Димовска (вокал), Даниел Митревски (гитара, придружни вокали), Иле Лулевски (тапани, придружни вокали) и Коста Стевановски (бас гитара, клавијатури).  

Иако групата е релативно нова, членовите се веќе познати за љубителите на македонската музика. Ирена Димовска, Даниел Митревски и Иле Лулески се членови и на групата Памперс.


Текстот е преземен од новинската агенција Мета.МК. Првата објава на овој текст е достапна овде.

Total
0
Shares
Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Слични написи