Александар Тодороски – победник на Макфест 36

Александар Тодороски е победник на Макфест 36

Александар Тодороски е победник на 36-тото издание на фестивалот за забавна музика Макфест. „Под исто небо“ ја отпеа Александар Тодороски, кој во финалната вечер влезе како еден од петтемина победници на дебитанската вечер.

Фестивалот се одржа на 17-ти и 18-ти септември, а песната имаше своевидно претставување на првата вечер на фестивалот.

Музиката и текстот на песната се на Ристо Самарџиев, а аранжманот е на Давор Јордановски. За Ристо Самарџиев ова е деветта награда на Макфест.

Покрај Александар кој го освои првото место наградени се и Мартинијан Кириловски (второ место), Марија Данева (трето место и најдобар сценски настап), Калина Велковска (најдобар дебитант), Лазар Цветкоски (најдобар аранжман), Лара Иванова (најдобра интерпретација).

Макфест оваа година по втор пат поради состојбата со пандемијата се одржа на отворено, во просторот на Аквабела ресорт. Дел од фестивалот „Макфест 2021“ беа и Калина Велкова – Кали, Ѓоко Танески, Роберт Билбилов, Eye Cue, Полина Тасева, Лара Иванова, Мартинијан Кириловски и Филип Пешевски. По подолго време на фестивалот се појави и групата Интервали.


Текстот е преземен од новинската агенција Мета.МК. Првата објава на овој текст е достапна овде.

Total
0
Shares
Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Слични написи