Борис од Дупер денес магистрираше

Борис Какуринов - бранење на магистарски труд

Скопје, 9 април 2026 – Членот на популарното музичко дуо Дупер, Борис Какуринов денес имаше јавно бранење на неговиот магистерски труд со назив „Фактори кои влијаат врз ставовите на слушателите за македонската авторска музика“.

Борис Какуринов е македонски музичар, најпознат како гитарист и музички автор на поп дуото Дупер, формирано во Скопје во 2018 година, но неговите професионални активности во секојдневието се тесно поврзани со маркетингот, основено со дигиталниот маркетинг во кое поле Борис работи како маркетинг специјалист.

Магистерскиот труд на Б. Какуринов има фокус на истражувањето на факторите кои влијаат врз ставовите на слушатели за македонската авторска музика. Истражувањата како што образложи Борис биле слоевиди и класифицирани врз основа на различни демографски атрибути и врз основа на статистички примерок во кој се вградени одговорите на над 400 испитаници.

Едно од клучните истакнати сознанија од истражувањето е дека влијанието што слушателите го добиваат од своите врсници со нивна перцепција и оценка за одредено македонско авторско дело е едно од клучните за тоа дали тоа дело ќе биде пошироко прифатено или не.

Друго сознание што би го одвоиле е она дека позитивни реакции на домашната музика имаат претставници на возрасните граници од 18 до 24 години и оние над 45 години.

Исто така интересно сознание од истражувањето на Какуринов е што слушателите во најголем процент дознааат за нова македонска авторска музика од социјалните мрежи и Јутуб (YouTube) но и од се попопуларните стриминг платформи за преслушување музика што последниве години имаат сѐ поголема популарност и во Македонија. Сепак, еден од заклучоците за кои дознаваме во неформалниот разговор со Борис Какуринов по формалниот дел на одбраната на магистерскиот труд е дека телевизијата и радиото како медиуми сеуште играат важна улога во промотивните активности на македонската авторска музика и нејзината популаризација.

Ментор на Борис какуринов низ процесот на создавање и бранење на неговиот магистерски труд е проф. д-р Снежана Ристевска Јовановска.

На отвореното за јавноста бранење на трудот, покрај блиските членови на фамилијата на, сега веќе м-р Борис какуринов, беа и негови блиски пријатели, а од познатите јавни личности од македонската музичка сцена и естрада беа и Марко Маринковиќ – Слаткар.

Total
0
Shares
Related Posts