Нов сингл од Дупер: „Дупер ѕвезда“ ја оживува модерната македонска поп сцена

Дупер ѕвезда - омот

Поп-дуото Дупер ја претставува својата најнова песна „Дупер ѕвезда“, инспирирана од култната „Супер ѕвезда“ – една од најемотивните музички референци од македонското детство. Дупер повторно се истакнуваат со креативност и модерно продуцирана музика, овојпат со минималистички спој на чист звук и јасна порака.

По објавувањето на летниот сингл „Некажано“, кој со радост беше дочекан од нивните фанови, „Дупер ѕвезда“ носи инспиративна приказна за личен успех и искреност, проткаена со самодоверба, сомнеж и хумор – автентично за стилот на Дупер. На место класичен видеоспот, придружната видео-анимација дополнително го истакнува новиот визуелен имиџ.

Песната „Дупер ѕвезда“ може да ја преслушате на YouTube и сите популарни дигитални музички платформи за преслушување музика, а препорака е да ја слушнете веднаш за комплетно уживање во модерниот македонски поп звук. 🎧 Слушајте го новиот сингл од Дупер.

Total
0
Shares
Related Posts