„ТЕГЕТ“ со концертна премиера во Скопје

Тегет

На 9 септември 2025 година, со почеток во 21 часот, во киното „Фросина“ при Младинскиот културен центар во Скопје, ќе се одржи концертната премиера на музичкиот проект „ТЕГЕТ“. Овој настан претставува обединување на деветмина уметници кои доаѓаат од различни музички традиции и практики, а ќе настапат заедно пред скопската публика.

Ансамблот „ТЕГЕТ“ го сочинуваат: Благојче Томевски (бас кларинет), Нинослав Спировски (тенор и сопран саксофон), Филип Букршлиев (гитара), Влатко Јаневски (бас гитара), Дарио Циевски (тапани), Дориан Јовановиќ (бас), Никола Коџабашија (клавијатури), Александар Поп Христов (гитара) и Пано Панче Бујуклиев (електроника).

“По созрцанието на АЛШАР ансамбл од 80-тите и 90-тите години, фурешкум, произлезе потреба за нов еклектичен музички вознеж. Тој се манифестира апансас како нова ТЕГЕТ варијациа на Белите мугри.”

одговори Никола Коџобашија на прашањето, Зошто ТАГЕТ?

Настанот ветува да понуди формално и звучно богатство кое ќе ја збогати македонската културна сцена и ќе придонесе за развој на современата музичка архива. Организаторите посочуваат дека овој проект е особено привлечен за професионалната и едуцирана музичка публика, но и за поширокиот аудиториум кој сака да открива нови музички светови.

Билетите за концертот се достапни преку онлајн продажната мрежа на МК Тикетс, по цена од 500 денари.

Со овој настан, Скопје ќе има можност да биде сведок на несекојдневна музичка синтеза која ја истакнува моќта на колективното творештво и иновативниот дух на современите македонски уметници.

Total
0
Shares
Слични написи