Сара Мејс - убав е

Сара Мејс ја освои публиката со видеоспотот за „Убав е“

Македонската пејачка Сара Мејс го претстави својот најнов видеоспот за песната „Убав е“ – емотивна и модерна музичка приказна, која брзо стана препознатлив летен хит (за 3 недели музичкото видео брои 124.000 прегледи). Видеото е снимено на плажите во Грција и делумно во Скопје, доловувајќи исклучителна визуелна естетика со морски пејзажи, зајдисонца и сензуални моменти што ја дополнуваат атмосферата на песната.

Музиката и текстот се авторско дело на Сара, додека за продукцијата и аранжманот се погрижи Роберт Билбилов, внесувајќи свеж диско-ритам кој го дефинира летниот карактер на песната. Приказната во „Убав е“ продира длабоко во емоциите на современата жена, истражувајќи ја борбата помеѓу срцето и разумот и постојаното преиспитување на чувствата.

Стиховите „Да нема сонце, ќе можам. Да нема вода, ќе можам. Да немам никој, ќе можам. Но, без него не можам“ е посебно впечатлив во оваа љубовна исповед што лесно може да се идентификуваат многу слушателки.

Стајлингот на Сара во видеото е впечатлив, нагласувајќи ја летната женственост и слобода. За изгледот се погрижиле познати македонски професионалци од областа на модата и козметиката. Овој визуелен проект доаѓа како силна потврда за уметничката зрелост на Сара Мејс, и како нова музичка боја во македонскиот поп-пејзаж. Режисер и продуцент на ова музичко видео е Томислав Живковиќ.

Total
0
Shares
Слични написи