28.МАЈ.2025, СКОПЈЕ – По направеното медиумско партнерство во 2024 со музичкиот фестивал и конференција SoAlive што се одржува во Софија, Бугарија, со возбуда објавуваме дека на 27.мај.2025 година, Музика нонстоп денес стана медиумски партнер на македонското музичко ТВ шоу Хитмејкер на АРП продукција. Ова партнерство означува ново поглавје од нашите соработки и партнерства, со цел да им донесе уште подинамична музичка содржина и ексклузивно известување на фановите на домашната музика. Воедно ова е наш придонес и поддршка на оваа нова музичка ТВ емисија за која продуцентот најавува долгорочни планови.
Наша основна задача како медиумски партнер е да придонесе во дистрибуирањето на информации за неделната топ-листа на Хитмејкер примарно до македонските медиумите, но и надвор од нашите граници. Нашата улога во ова специфично партнерство понатаму е проширена преку раскажувањето на приказната за содржините спакувани во неделните изданија на Хитмејкер.
Топ-листата на Хитмејкер има за цел промоција на песни од новата македонска музичка продукција. Ние веќе напративме страница посветена на Хитмејкер топ-листата, што ќе ја ажурираме редовно во почетокот на неделата, по промоцијата на секоја нова епизода на ТВ емисијата што премиерно се емитува во недела на ТВ24 во 20:30 часот.