На 11 мај 2025 во просторот на Лабораториум во Скопје, беше промотивното издание на новата музичка тв емисија со фокус на македонската музика. Првото тв издание се случи вечерва, недела 18 мај 2025 на ТВ24 во 20:00 часот.
Објави продуцентот на Фејсбук страната Хитмејкер
Ова не е само нова емисија. Ова е нова шанса. За музиката што нè растеше. За гласовите што ни недостигаа. За нови хитови што имаат душа – и став. „Хитмејкер“ е тука за да го подигне звукот на Македонија. Да ги раскажеме приказните на оние што оставија трага. И на оние што допрва доаѓаат.
Продуцент на Хитмејкер е АРП продукција на Александар Ристовски – Принц, а како водители на првото ТВ издание се појавуваат Миа Перевска и Горазд Китановски.
Првата епизода понуди листа со 5 песни со видео записи оргинални за потребите на емисијата. Една од песните на топ листата беше и песната „Месечевиот сјај“ од Миа Перевска и Нокаут. Првото издание на Хитмејкер содржи анкета во која анкетираните беа прашани за нивниот најомилениот македонски хит, а Миа направи и кратко интервју со Џина Папас Џокси.
Секое издание на Хитмејкер премиерно ќе се изведува секоја недела со почеток во 20:00 часот на ТВ24, а понатаму таа ќе биде реемитувана на другите локални ТВ станици низ цела Македонија.
Нашата редакција и посакува многу успех и среќа на АРП продукција во реализација на ТВ серијалот Хитмејкер.
Последните информации за оваа нова ТВ емизија посветена на македонската музика може да ги следите на профил страниците на емисијата на Инстаграм и Фејсбук.