Од традиција до светска сцена: Разговор со Катерина Пападопулу

Катерина Пападопулу е позната грчка пејачка која со душа ја негува и толкува грчката традиционална музика и ја држи високо за да го пренесе богатото културно наследство на нејзината татковина во сите делови на светот.

Неколкудецениската кариера на Катерина отсекогаш ги воодушевувала слушателите со длабока приврзаност кон вечните грчки мелодии и ритми. Во ова интервју, Пападопулу го сподели со нас нејзиниот креативен процес, работата направена на саундтракот на популарната серија „Kösem“, инспирацијата за последниот албум „Аура“ и ги сподели очекувањата за настапот на музичката конференција SoAlive 2024 во средата, 2 октомври. во 20:15 часот (локално време) во Кино Кабана (Kino Cabana), Софија (Бугарија).

Вие сте меѓународно призната изведувачка на традиционалната грчка музика, која го надополнува жанрот со вашиот ангелски глас. Како го одржувате духот на музиката и правите да звучи современо за денешната публика?

Најпрво ми е чест да го слушнам тоа.

Што се однесува до грчката музика, она што многу добро го разбрав е дека штом навистина ќе нурнете во нејзините длабочини, едноставно она што треба да го нарпавите е да се препуштите на нејзе. Тогаш оваа музика поминува низ вас, низ сите и низ секоја ера, така што секогаш е современа. Само треба да дозволите да се случи. Она што сакам да го кажам е дека навистина дозволувам да се случи како што го чувствувам, не чувствувам дека треба да направам нешто посебно за да ја „оживеам“.

Вие придонесовте со вашиот глас во саундтракот на популарната ТВ серија „Косем“ (изворно: Kösem). Дали би сакале да споделите повеќе за тоа и како тоа го обликувало или влијаело на вашето музичко патување?

Тоа се случи во 2015 година, кога Ајтекин Атас (Aytekin Ataş), композиторот на саундтракот на Косем, ме замоли да отпеам грчка песна за претстојниот серијал, „Величенствениот Косем“. Многу му се допадна една приспивна песна што претходно ја имав снимено за моја друга песна, „Амигдалаки Цакиса“ (Amygdalaki Tsakisa), па предложив таа повторно да се снима во Истанбул.

Бев многу ентузијастички што го научив тоа и секако продолживме.

Никогаш не можев да замислам какво влијание ќе има оваа песна врз милиони луѓе.

Секако дека токму спојот на музиката и приказната дадоа таков „поттик“. Така може да се види моќта што ја има оваа музика. Потребни се само средства за да допре до публиката.

Вашиот последен албум, „Аура“, беше објавен на почетокот на оваа година (2024). Која беше инспирацијата зад албумот и како тој ја отсликува вашата уметничка еволуција?

Аура беше инспирирана од суптилниот ветар на Егејското Море, море што ја опфаќа Грција и дава живот и сила на нејзините луѓе.

Интенцијата на оваа аура и оваа сила е да се рефлектираат во овој албум, на нежен начин. Викањето не е начинот на кој сакам да протестирам.

Како дел од музичката конференција SoAlive 2024 во Софија овој октомври каде што ќе имате настап, што планирате да споделите со публиката и како настапувањето на вакви фестивали ја обликува вашата врска со новите слушатели? За што најмногу сте возбудени во врска со овој настан и што очекувате од него?

Настапот на музичката конференција SoAlive ни дава можност да се поврземе со луѓе со кои инаку не би можеле да се поврземе, да допреме до публиката од соседството и со слична музика и начин на живеење и да отвориме нови патишта за музички дијалози и соработки.

Грчката традиционална музика често носи длабока културна и емоционална тежина. Како чувствувате дека вашата музика се поврзува со слушателите надвор од Грција и какви пораки се надевате да пренесете преку вашите настапи?

Грчката музика навистина носи голема тежина, понекогаш може да биде огромно. Треба да бидете силни за да се носите со нејзиниот товар. Лесно е да се олесни тој товар, да се „омекнат“ значењата што ги носи оваа музика и да се даде на публиката „сварлива храна“.

Човек треба да избере дали ќе ја носи тежината или не.
Но, штом тој/таа ќе го стори тоа, силно верувам дека чувството ги надминува разликите на јазиците и земјите.
Тоа е чуството и вистината што сакам да ги пренесам.

Total
0
Shares
Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Слични написи