Катерина Стикуди, мултиталентираната солунчанка

Катерина Стикуди (Aikaterini “Katerina” Stikoudi) е мулти-талентирана пејачка, актерка, водителка, модел, безнисменка и поранешна шампионка во пливање.

Катерина Стикуди Фотографија на Elusia1/ wikimedia.org / CC BY-SA 4.0
Катерина Стикуди Фотографија на Elusia1/ wikimedia.org / CC BY-SA 4.0

Родена е на 16 април 1985 година во Солун, Грција. Катерина Стикуди е порасната во Солун како ќерка на Никос и Дина Стикуди. Започна со тренинзи по пливање на осумгодишна возраст. Нејзините пливачки квалитети и го овозможија потпишувањето на професионалениот договор во ПАОК (PAOK) академијата за пливање.

Јавноста првпат ја забележа Катерина Стикуди во 2001 година како пливачка на ПАОК која заврши на петтото место на националното првенство во пливање. Сепак, нејзиниот пат меѓу најпознатите јавни личности во Грција вистински се промени кога ја освои титулата „Мис Грција 2005“ (Miss Hellas 2005) на Националниот годишен избор за убавина на Грција. По оваа победа Катерина Стикуди ја претставуваше Грција и на светскиот избор за убавина „Мис Свет 2005“.

По нејзиниот успех на изборот за убавина, Катерина Стикуди го осови и светот на телевизијата и киното. Беше водителка на популарни ток-шоу емисии како „Ла Сусурела“ (La Sousourela), „Проинос Кафес“ (Proinos Kafes), „Мега-ѕвезда“ (Mega Star), „Гинисова светска емисија за рекорди“ (2009), „Мојот стил е закон“ (My Style Rocks) и „Само ние двајца“ (Just the 2 Of Us). Како актерка учествува во телевизиските серии „Еротас“ (Erotas), „Девојките на татко“ (Daddy’s Girls), „Да бев богат“ (If I were rich) и филмовите „Сула Ела Хана“ (Soula Ela Xana), „Богатството“ (The treasure), „Сѐ направивме заедно!“ (We did it all together!), „Црниот ерген 4“ (The Black Bachelor 4).

Во септември 2023 година, Катерина Стикуди го искористи својот концерт за да ги извести своите обожаватели дека е бремена. Триесетиосум годишната пејачка настапи во воведниот дел на концертот на Кристина Агилера (Christina Aguilera) во Малта што се одржи на 16 септември 2023.

Кратко резиме на музичката кариера

Музичката кариера на Катерина Стикуди започна во 2009 преку соработката со dj-LAVA како вокал во неговиот сингл „Tora“ (превод: Сега).

Во 2011 година Катерина Стикуди го издаде својот прв албум „Мојата музика“ (I Mousiki mou) Во следните десет години издаде уште 4 албуми: „Благословот на мојот живот“ (I yefsi tis zois mou) од 2013 година; „Клише“ (Cliche) од 2015 година; „Soundtrack“ од 2018 година и „Grande“ од 2021 година.

Музиката на Катерина Стикуди е позната по заразните и певливи рефрени. Таа е една од најпопуларните пејачки во Грција. Во моментов (ное. 2023) е актуелна со соработката со La Zarra (се чита Ла Зара) и песната „Evidemment“. Песната е преработка на евровизиската песна „Évidemment“ со која La Zarra ја претставуваше Франција vo 2023 година. По настапот на Евровизија пејачката издаде неколку верзии на песната. Дуото со Катерина Стикуди е една од верзиите која може да се „носи“ со оригиналот.

Разновидната кариера и постигнувањата на Катерина Стикуди се доказ на нејзиниот талент и посветеност. Од пливање до манекенство, глума и пеење. Таа има значително влијание во секое поле во кое се појави. Денес, продолжува да инспирира со својата кариера во повеќе различни индустрии и нејзината несомнена способност да биде одлична во сè што ќе започне.

Нејзиното животно патување е добар потсетник дека со страст и упорност, може да се постигне многу во сите области.

Дискографија на Катерина Стикуди

Албуми:

  • I Mousiki Mou (2010)
  • I Yefsi Tis Zois Mou (2013)
  • Cliche (2015)
  • Soundtrack (2018)
  • Grande (2021)

Синглови:

  • 2009: Τώρα / Сега (Feat. LAVA)
  • 2010: Εμμονή / Опсесија (Feat. NEBMA)
  • 2011: 6 Εκατομμύρια / 6 милиони
  • 2011: Η Μουσική Μου / Моја музика
  • 2012: Σενάριο / Сценарио
  • 2012: Μη / Ми
  • 2012: Απ’ Την Αρχή / Од почетокот
  • 2012: Ο.Κ. (Δεν Τρέχει Τίποτα) / O.K. (Ништо не работи)
  • 2012: Σαν Να Μην Υπάρχω / San Na Min Yparxo
  • 2013: Ψηλά Τακούνια / Високи потпетици
  • 2013: Μίλια Μακριά / Милија Макриа (Feat. Ablaze)
  • 2013: Μ’ Ένα Σου Φιλί
  • 2014: Σ’ Ένα Όνειρο
  • 2014: Η Γεύση Της Ζωής Μου / Вкусот на мојот живот
  • 2014: Τατουάζ / Тетоважа
  • 2015: Cliche / Клише
  • 2015: Συννεφιά
  • 2015: Θα Σου Περάσει / Tha Sou Perasei (Feat. NEBMA)
  • 2016: Voices / Гласови
  • 2016: I Like The Way / Ми се допаѓа начинот
  • 2016: Πιράνχας (Feat. TNS)
  • 2017: Retro / Ретро
  • 2018: Intuited / Интуитирано
  • 2023: Évidemment / Евидентно
Total
0
Shares
Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Слични написи