„Ччоколада“ е нова песна на српскиот пејач кој настапува под името Десингерица (Desingerica). Песната излезе на 10 ноември и за само десетина дена дојде до над 3 милиони прегледи на YouTube. Песната е достапна и на Spotify, а интерес за неа има и на TikTok.
Дизајнерица е комплетен автор на музиката и текстот на песната. Покрај ова самиот ги заврши и аудио микост и мастерингот за „Ччоколада“. Продукцијата на песната е „PapaPedro Beats“. Видеото за песната е дело на Милош Џорџевиќ Џоми (Milos Djordjevic Djomy).
Драгомир Деспиќ е српски рапер кој поради своето однесување во јавноста, но и контроверзните спотови често е критикуван. Роден е 1993 година во Белград. Во музиката е релативно нов. Кариерата ја започна со Лука Бејеоловиќ (Lukа Bijelović) во 2022 година со песната „Kucci Kucci“.
Во август 2023 година градоначалникот на Бања Лука го забрани настапот на Дизајнерица поради промоција на погрешни вредности, додавајќи дека забранил примитивизам, а не уметност. Претходно на 3 август беше откажан и нивниот настан во Приједор, Босна и Херцеговина.