„Нема лага“ е новиот сингл на Страјк

Нема лага“ е новата песна од познатиот македонски рапер Страјк. Песната е објавена на 6 ноември 2023. Верните фанови на Страјк се надеваат дека оваа песна ќе биде дел од неговиот следен албум.

Неговиот последен албум „Низ мојот живот“ е објавен на 31 октомври 2019. Во тој албум се наоѓаат некои од најпознатите песни на Страјк како „Сим Симма“ и „Уште Еднаш“.

Страјк е препознатлив по своите мрачни текстови. Тој често во своите песни зборува за неговиот тежок живот и за околината во која живеел и сеуште живее. Во неговите песни тој обработува многу социјални теми што не се толку застапени во македонскиот музички свет. Токму новата песна на Страјк „Нема лага“ заедно со нејзината тема е една од нив.

Новата песна „Нема Лага“ е достапна на Јутуб каналот на Bootlegs Basement Lab и на Спотифај (Spotify)

Во создавањето на песната учествуваат само Васил Димовски (Страјк) и Гоце Трпков (Дј Гоце). Како и во повеќето песни на Страјк така и во оваа Дј Гоце е заслужен за аудиомиксот и мастерингот. Битот на песната е направен од двајцата, а автор на текстот е Страјк.

Песните на Страјк, освен тоа што бројат илјадници прегледи, тие се најгласни на местата каде што тој настапува. Неговите појавувања на сцената секогаш рушат некои нови рекорди. Па се надеваме дека ќе биде тоа случај и на 25-тиот Таксират во крајот на оваа 2023 година кадешто тој ќе настапува.

Total
0
Shares
Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Слични написи