„No Han Cambiado“ од Морад

На 3 ноември 2023, Морад (Morad) ја објави својата нова песна која го носи името „No Han Cambiado“. Песната во буквален превод значи „Не се променија“. Песната заедно со нејзиниот ритам лесно влегува и останува во главите на слушателите. За ова се доказ прегледите на песната.

Песната за помалку од 4 дена има повеќе од 1 милион преслушувања на Јутуб (YouTube), Спотифај (Spotify) и сите други платформи за преслушување на музика.

Познатиот рапер Морад одлично го започна месоцот ноември (2023). Веќе во четвртиот ден од месецот неговата богата дискографија продолжи да се надополнува. Во изминатиот месец, октомври, тој објави три песни. Една од нив е и ремиксот на песната „No Estuviste En Lo Malo“ заедно со Beny Jr и Dellafuente.

Морад во промоцијата за новата песна „No han Cambiado“ на својот инстаграм профил им испрати порака на својте фанови. Тој смета дека оваа песна е само загревање додека не почне да игра на големиот терен.

Кратко за Морад

Почетоците на овој шпански рапер кој има потекло од Мароко се уште во неговите училишни денови. Но, неговата професионална кариера започнува со албумот „M.D.L.R“ во 2019 година.

Кариерата на Морад во последните неколку месеци е во нагорна линија. Неговите песни можат да се слушнат во голем број диска и на социјалните мрежи. Настапите и концертите на Морад се многу барани. Тој прави турнеји низ многу европски држави, а сепак има само 24 години и неговата кариера е сеуште на почетокот.

Total
0
Shares
Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Слични написи