„Сега и тогаш“, последната песна на Битлси

Шеесет години по издавањето на првиот албум на Битлси (Beatles) и по една недела подготовки за настанот конечно може да ја преслушаме последната песна на групата. Последниот сингл на четворката од Ливерпул, Англија е наречен „Сега и тогаш“ (Now and Then). Песната за првпат можевме да ја слушнеме на 2 ноември 2023 година, 60 години по издавањето на првиот албум на Битлси „Please Please Me“.

Синглот е издаден како doble A-side со прв сингл на групата од 1962 година „Love Me Do“(се чита: Лов ми до).

Почетоците на песната се од 1978 година, кога Џон Ленон започнал да ја пишува. Сепак, за нејзино финализирање беа потребни 45 години. „Сега и тогаш“ конечно беше завршена минатата година. На песната работеа сите членови на групата Ленон (Lennon), Макартни (McCartney), Харисон (Harrison) и Стар (Starr).

Најавите за песната „Сега и тогаш“ и за нејзино објавување беа актуелни подолг период. Песната доаѓа благодарение на режисерот Питер Џексон (Peter Jackson) кој работеше на осумчасовен документарец за групата Гетбек (Get Back). За да ги исчисти звукот на архивските снимки тој користеше вештачка интелигенција. Токму со помош на вештачката интелигенција успеа да ги изолира гласот на Џон Ленон со вокалите за песната „Сега и тогаш“.

Пол Мекартни дообјаснува дека за креирање на песната не користеле синтетизирање на глас.

„Успеавме да го извадиме гласот на Џон и да го прочистиме со помош на вештачка интелигенција, за потоа да можеме да ја измиксаме песната како што ова се прави вообичаено. Ова ни овозможи некаква слобода“.

вели Мекарти.

Гитаристот на групата Џорџ Харисон почина во 2001 година. Гитарата која се слуша на песната ја отсвири во 1995 година.

Песната е објавена на BBC Radio 2 и 6 Music во два часот попладне. Истовремено песната е објавена на сите големи сервиси за стримање музика: Spotify, Apple Music и Amazon Prime Music.

Од денес (3 ноември) во продажба се достапни и физички изданија CD, плочи и касети. Од 10 ноември песната ќе биде достапна на ремастерираната верзија на „Red and Blue“, пренесе BBC.

Приказната за песната „Сега и тогаш“

Песната е напишана од Џон Ленон во 1978 година. Демо верзијата има пијано и вокали, а ја снимил во својот дом во Њујорк.

По неговата смрт, Јоко Оно има ја дала снимката на членовите на групата. На снимката имало и демо записи од Free as a Bird и Real Love. Овие песни беа завршени и објавени ви 1995 и 1996 година. Во истиот период се обидоа да ја снимат и издадат и оваа песна, но брзо се откажаа од ова. Пред да се откажат ја комплетираа песната, додадоа стихови и ги снимија придружните вокали. Сепак поради лошиот квалитет на оригиналната снимка мораа да се откажат од завршување. Сепак Мекарти никогаш не се откажал од идејата. Една од причините за ова е што верувал дека и Ленон би сакал да ја завршат песната.

Дваесетина години подоцна, благодарение на вештачката интелигенција обидот заодделување на вокалите од шумот беше успешна операција. Благодарение на ова конечно можеме да ја слушнеме и последната песна на Битлси „Сега и тогаш“ (Now and Then).

„Кога бевме во студио, го имавме гласот на Џон во нашите уши, можете да замислите дека е во соседната соба во вокална кабина или нешто слично. Како да работевме со него повторно, така што бевме радосни.

Очигледно помина многу време откако сме го доживеале ова, а ппотоа одеднаш повторно работевме со ol’ Johnny“.

изјави Мекарти за Radio1.

Повеќе за песната може да откриете ако го прегледате кусиот документарен филм.

Total
0
Shares
1 comments
Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Слични написи