Антонија Клара Јакобеску (Antonia Clara Iacobescu), подобро позната под своето сценско име Антонија (Antonia), е романско-американска поп-пејачка, модел, авторка на музика и текстописец.
Родена е на 12 април 1989 година во Букурешт, Романија. Со семејството се пресели во САД на петгодишна возраст. Започна да пее на 10 годишна возраст. Антонија го помина своето детство во Јута, а средното училиште го заврши во Лас Вегас, Невада. Учествуваше во стотици фотосесии за каталози и соработувала со американски агенции како Lenz и Ford Models.
На осумнаесетгодишна возраст заедно со своето семејството се врати во Романија. Во 2009 година преку пријател кој ја слушнал како пее го запозна романскиот продуцент Том Боксер (Tom Boxer). Откако двајцата се запознаа, Антонија Јакобеску и Том ја создадоа нивната прва песна позната како „Roses on Fire“. За песната издадоа и видео запис по сценарио и во режија на Том. Со песната „Morena“ која ја издадоа во јануари 2010 успеаја да ги освојат топ-листите во Романија, Полска и Бугарија. Песната на топ листите на овие држави се искачи на првото место, истовремено во Унгарија и Израел, успеа да се пробие во топ 10.
Во 2011 година во соработка со бендот Вунк (Vunk), го објавија синглот насловен „Pleacă“ (Превод: Лисја). Во средината на летото 2012 година, Антонија Јакобескуги објави песните „I got you“ и синглот „Jameia“. Синглот „Jameia“ го достигна петтото место во Романија.
По раѓањето на нејзиното прво дете, Антонија Јакобеску се врати на музиката како соло пејачка. Таа ја објави „Марионета“ (Marionette), напишана од холандскиот продуцент и DJ Afrojack. Во 2014 година, учествуваше како судија во телевизиското шоу Kids Sing, емитувано на романскиот телевизиски канал Kanal D.
На 17 април 2015 година, Антонија Јакобеску го издаде својот деби албум „This Is Antonia“ преку романската издавачка куќа Roton Records. Албумот има дванаесет песни и е достапен во дигитален и физички формат.
Од 2015 година започна и филмска кариера. Антонија Јакобеску го „позајми“ својот глас на Жанета (Jeanette) од анимираниот филм „Alvin and the Chipmunks: Big Adventure“ (Алвин и верверичките: голема авантура).
Избор за песна на Own Eurovision натпреварувањето
Own Eurovision (Сопствена Евровизија) e онлајн музички натпревар сличен на изборот за песна на Евровизија. Натпреварот се одржува од април 2012 година. Во Own Eurovision учествуваат 54 претставници од Own Eurovision Broadcasting Union.
Антонија Јакобеску четири пати ја претставуваше Романија на изборот за песна на Own Eurovision. Двапати настапуваше со песната „Marionette“ (Марионета), а учествуваше и со „Pleacă“ (Лисја) и „Hurricane“ (Ураган).
Приватниот живот на Антонија Јакобеску
Во 2011 година Антонија Јакобеску се омажи со италијанскиот бизнисмен Виченцо Кастелано (Vincenzo Castellano) со кој има ќерка. Се разделија во 2013 година, но разводот не го официјализираа до 2020 година. Од 2013 е во врска со својот романски колега Алекс Велеа (Alex Velea) и со него има 2 деца. Во јули 2021 ја објавија својата веридба.
Дискографијата на Антонија Јакобеску
Антонија Јакобеску има еден студиски албум. На 17 април 2015 година за Roton Record го издаде албумот „This is Antonia“. Покрај ова има издадено и педесеттина синглови.
Последна песна до октомври 2023 на Антонија е синглот „Moonlight“ на кој соработува со изведувачот KiDi.