YOVA настапуваат во легендарниот паб Трубадур (Troubadour) во Лондон

Македонско-британското дуо YOVA на 25 октомври 2023 ќе настапува во лондонски паб Troubadour (превод: Трубадур). Истата вечер заедно со YOVA настапуваат и Лео Волрус  (Leo Walrus) и Ти Џеј Овусо (ТЈ Owuso).

Вечерта ја отвораат Лео Волрус и Ти Џеј Овусо, а по нив ќе настапи и YOVA. Настапот на YOVA ќе биде акустичен. Заедно со Јова и Марк на сцента ќе биде Алекс Томас (Alex Thomas). Алекс, покрај со YOVA, настапува и со Ана Калви (Anna Calvi), Џон Кејл (John Cale) и U.N.K.L.E. Има најава дека во публиката ќе бидат и BJ Cole и Terry Edwards. BJ Cole настапувал со повеќе музичари помеѓу кои: The Strangles, Björk, Depeche Mode, R. E. M., Sting, Роби Вилјамс (Robbie Williams), Роберт Плант (Robert Plant). Едвардс има соработка со повеќе музички ѕвезди како Ник Кејв (Nick Cave) и Том Вејтс (Tom Waits), а дел е од Holy Holy, супер групата на Дејвид Боуви (David Bowie).

Повеќепати имам настапувано овде, и како солист и како дел од YOVA. Тоа е прекрасно место со супер локација, историја, акустика и секогаш ми е задоволство да се вратам.

Нашиот настап на сцена ќе биде акустичен со придружба на Алекс Томас кој свири со Ана Каливи, Џон Кејл, U.N.K.L.E. Во публиката ги очекуваме и Биџеј Кол и Тери Едвардс кои имаат соработувано на неколку песни на YOVA.

вели Јова Радевска
Клубот на трубадури, Олд Бромптон Роуд, Ерлс Корт - Лондон.
Трубадурот (The Troubadour Club) / Ова е местото каде што Боб Дилан ја имал својата прва свирка во Британија во декември 1962 година како „Blind Boy Grunt“ / Фотограф: Џим Линвуд (Jim Linwood) / Flickr / CC BY 2.0 DEED

Troubadour пабот е легендарно место и во него настапувале најголемите музички имиња Paul Simon (Пол Сајмон), Bob Dylan (Боб Дилан) и Jimi Hendrix (Џими Хендрикс), своите први настапи во Велика Британија ги имаа во Troubadour.  Во пабот настапуваа и музичари како Chemical Brothers, Adele (Адел) и Florence and the Machine.

Прва изведба на последниот сингл на Yova во Troubadour

Обожавателите на YOVA во Troubadour за прв пат во живо ќе можат да го слушнат последниот сингл – „Dreamcatchers“. Неодамна, Џим Склавунос (Jim Sclavunos) од „Nick Cave and the Bad Seeds“ ја емитуваше песната на YOVA на радиото Soho.

YOVA Troubadour

Песната е „Dreamcatchers“ е издадена на 5 октомври 2023 и синглот е најава за следниот албум на групата. Синглот ќе има 3 верзии, а засега може да ја преслушаме првата верзија на песната. Уште две различни изведби ќе може да слушнеме на најавениот албум. Песната е авторско дело на Јова Радевска и Марк Вернон.

YOVA е дуо составено од вокалот и текстописец Јова Радевска од Македонија и музичарот Марк Вернон од Англија. На листата на соработници имаат светски познати и исклучително квалитетни музичари кои работат со повеќе музички ѕвезди и групи. Својот деби албум „Девет животи“ го издадоа во 2022 година.

Публиката го одлично го прифати деби албумот, a YOVA веќе неуморно работат на својот нов студиски албум. Според најавата албумот го очекуваме во 2024 година.

На досегашните изданија соработувале со и Биџеј Кол (BJ Cole); Даниел Осаливан (Daniel O’Sullivan); Ана Фиби (Ana Phoebe); Ник Холанд (Nick Holland); Роб Елис (Rob Ellis), Џејмс Седвардс (James Sedwards).


Доколу се наоѓате во Лондон на 25 октомври, посетете го овој настан на кој ќе настапи Yova во легендарниот клуб. Билетите за настапот се пуштени во продажба и се достапни за 11 британски фунти. Настапите започнуваат во 20:00 часот и ќе траат до 23:30, а влезот е отворен од 19:30 часот.

Total
0
Shares
Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Слични написи