Секси - Суперстар

„Суперстар“ е новата песна на Секси

Секси ја објави својата нова песна „Суперстар“. Песната премиерно е објавена на 20 октомври 2023. Главната тема на песната е слободата која Секси ја нема поради неговата голема популарност.

Секси во песната пее за неговиот динамичен живот. Според текстот може да заклучиме дека Секси секојдневно патува од едно на друго место да настапува и неговата слобода е скратено поради неговата голема популарност. Тој има голема бројка на фанови кои не му допуштаат слободно да се движи, кога и да го видат бараат слика, автограм или некаков вид на комуникација.

Видео спотот кој е дело на Streetmode Productions има своја приказна која одлично се вклопува со тексот на песната. Во видео спотот се појавува и Лацку (Lacku) како возач на амбулантното возило со кое Секси успева да избега од многумина фанови.

Реља Деспотович – Секси во песната „Суперстар“ е автор на музиката и текстот. Тој исто така ги пее и вокалите. Битот е на Гутин (Gutin), а аудиомиксот и мастерингот се на Димитрије Спировски – Лацку.

Секси има многу песни кој се хитови сам, но и заедно со групата Црни Церак (Crni Cerak). Неговата последна песна „Патрон“ заедно со Биба има повеќе од 2 милиона прегледи. А, не се поминати ниту месец дена од нејзиното објавување.

Тој заедно со групата Црни Церак има објавено многу синглови. Најпознати песни од Црни Церак се песните „CC #1“, „CC #2“ и „CC #3“ по кои се препознатливи тие.

Total
0
Shares
Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Слични написи