На крајот на септември креаторот на една од најпопуларните игри Fortnite и сопственикот на популарната музичка платформа Бендкамп (Bandcamp) најави дека е време за промени. На 27 септември Epic Game објавија дека ќе отпуштат 830 вработени (околу 16% од вкупниот број) и ќе ја продаде платформата Бендкамп на Songtradr.
За жал, се чини и дека дел од овие вработени во Бендкамп ќе бидат отпуштени. Уште веднаш, дел од нив забележаа дека по купувањето од Songtradr забележаа дека немаат пристап до системите на платформата. Вработени во Бендкамп набрзо дознаа дека Songtradr нема да им понуди нови договори. Со отпуштањата се зафатени речиси половина од вработените во Бендкамп.
Во моментов платформата е период на транзиција. До завршување на транзицијата Бендкамп ќе биде во своевидно мирување. Ова секако најмногу ќе ги погоди вработените кои се затечени од развојот на настаните. Кусото соопштение на Songtradr кажува дека платформата останува фокусирана и пријателска за музичарите, но ова не открива премногу.
По вработените, музичарите се втората најголема група зафатена со промените на платформата. Ниту фановите, ниту музичарите не знаат како промената ќе влијае на идната работа на Bandcamp.
„Конечно, раководството на Songtradr мора да разбере дека во нивен најдобар интерес е да продолжат да работат како што работеа вработените во Бендкамп – постојана комуникација и фидбек со музичарите и издавачите за секоја итерација“.
Објави Future of Music Coalition.
Bandcamp е онлајн платформа која им овозможува на музичарите и уметниците да ја продаваат и дистрибуираат својата музика директно до обожавателите. Основана е во 2008 година од Итан Дајмонд, Шон Грунбергер, Џо Холт и Нил Такер.
За разлика од традиционалните издавачи и поновите дигитални музички платформи, Bandcamp има поголема флексибилност. Музичарите можат сами да ја поставуваат својата музика да одредат цена и да ја продаваа музиката директно на слушателите. Платформата е флексибилна и кога форматот е во прашање. Поддржани се MP3, FLAC, AAC, но и многу повеќе различни фајлови.
Бендкамп на обожавателите им овозможува да откриваат нова музика на Бендкамп, да стримаат и купуваат албуми или песни. Платформата е популарна меѓу независните музичари и помалите издавачки куќи поради пристапот кој е пријателски кон изведувачите. Им овозможува да одржуваат поголема контрола врз својата музика и приходи. Платформата, има и силен фокус на поддршката на уметниците, бидејќи обезбедува алатки за тие директно да можат да се поврзат со своите обожаватели и да изградат лојална база на фанови.
Од Ковид пандемијата Бендкамп еден петок во месецот им посветува на музичарите. Во тој ден платформата значително ja намалува својата провизија и речиси 100 отсто од купувањата средствата одат кај музичарите.
Бендкамп беше познат по тоа што секогаш беше подготве за комуникација со музичарите и корисниците, но ова веројатно ќе се промени. Отпуштањата сериозно го погодија центарот за грижа на корисници. Тука сега се останати само три вработени. За платформа со милиони изданија и продажба на илјадници изданија за речиси милион долари секојдневно ова е во најмала рака неодговорно.
Вториот сектор кој е најпогоден е секторот кој го издаваше дигиталното списание. Во овој сектор се останати тројца уредници и еден дизајнер. Плановите се Бендкамп Daily да продолжи да функционира, но минималниот број на вработени секако ќе влијае врз квалитетот на изданието.
Во недостаток на детали од Songtradr, не знаеме точно кои се плановите на компанијата за Бендкамп. Сепак прогнозата не е добра. За почеток b2c продавница како што е Бендкамп, не е одговара природно со B2B компанија како Songtradr. Кога ја купија платформата Songtradrpo срамежливо ја навести можноста за синергија на двете платформи, истакнувајќи дека уметниците на Бендкамп ќе можат да ја лиценцираат својата музика за широк спектар на клиенти и да го зголемат својот капацитет за заработка од глобалната мрежа за лиценцирање на Songtradr. Но, дури и овде, филозофиите на двете компании се фундаментално спротивставени. За Songtradr, кој им дава лиценца за користење музика на огласувачите и креаторите на содржини, музиката е додаток, дополнителен условен реглекс за да им помогне на брендовите да продаваат повеќе . За Бендкамп, музиката е уникатна, неповторлива, сè, почеток и крај.
пишува Pitchfork.
За корисниците на платформата кои поседуваат музика на Бендкамп и стравуваат дека може да останат без неa. Batchcamp е екстензија за Chrome која овозможува наеднаш да преземат поголем дел од својата музичка колекција наеднаш.