Zodia Psiho - Gery-Nikol

Слушнете ја „Психо зодијак“ на атрактивната бугарска пејачка Гери Никол

Психо зодијак“ (Зодия Психо) е последната песна на бугарската атрактивна пејачка Гери-Никол. Пејачката го искористи летото да ја претстави својата втора песна оваа година. „Психо зодијак“ излезе на 20 август 2023, на Јутуб каналот на пејачката.

Песната е плод на соработка на повеќе талентирани учесници. Покрај вокалите Гери-Никол беше и дел од тимот кој работеше на музиката. На музиката работеа и Оцко и Bekito, двајцата го изработија и аранжманот за песната. Текстот е на Петја Радева (Петя Радева).

Обожавателите на музиката на Гери-Никол може да се радуваат. Пејачката не отстапува од музичкиот стил ниту со оваа песна. Ова важи и за видеото кое е дело на режисерот Иван Димитров – Torex и камерманот Радослав Гочев.

Дваесет и пет годишната пејачка Гери-Никол Николаева настапува под името Гери-Никол е родена на 30 јули 1998 во Варна, Бугарија. Славата ѝ ја должи на бугарската верзија на популарното музички шоу The X Factor на која пејачката настапувашекако дел од женското триоSweet 16 заедно со Христина Христова и Мишел Штрамински. Групата беше поддржана од бугарскиот популарен рапер Криско, но иако продолжија во втората фаза на шоуто, не успеаја да се квалификуваат во финалето. Од 2015 година пејачката настапува самостојно. Досега има издадено десетина песни, најголем дел од нив доаѓаат со видео запис.

Дел од љубителите на овој жанр на музика може да се сетат на соработката која Gери-Никол ja имаше со Слаткаристика. Во октомври 2020 година заедно ја објавија песната „Гледај ме“ (Гледай ме). Видеото на официјалниот канал во овој период стигна до 13 милиони прегледи.

Ова е втора песна на Гери-Никол оваа година. Пејачката на 8 март 2023 ја објави песната „Мolya te“.

Total
0
Shares
Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Слични написи