Џала Брат - Рандеву

„Рандеву“ од Јала Брат

Поминаа скоро 3 месеци од последниот албум на Јала Брат (Jala Brat) заедно со Буба Корели (Buba Corelli). Босанскиот рапер конечно објави нов сингл. Јала Брат својата нова песна под името „Рандеву“ ја објави на 16 октомври 2023. Песната веќе се наоѓа на трендинг листата на Јутуб.

Овој датум не е само датум на кој е објавена песната „Рандеву“, туку е и денот кога тој е роден. Јала Брат за својот 35 роденден како поклон на својте фанови им подари нова песна. Тој објави на својот инстаграм профил и се заблагодари на сите честитки.

Новата песна „Рандеву“ има и свој видео спот кој е достапен на Јутуб каналот на Империа (Imperia). Делови од видео спотот се снимени во Лондон, кадешто тој беше изминатиот период. Тоа можеше да се забележи на неговиот инстаграм профил.

Текстот и музиката во песната се на Јала Брат, додека аранжманот е на РимДа (RimDa). За аудиомиксот и мастеригот е заслужен Амар Карахасанович (Amar Karahasanovic).

Кратко за Јала Брат

Јасмин Фазлич познат како Јала Брат е роден во Сараево, Босна и Херцеговина. Тој има 35 години и неговата кариера е исполнета со многу успеси. Тој има 7 студиски албуми и повеќе од 30 синглови.

Неговата кариера започнува уште во далечната 2004. Првите соработки со Буба Корели и албумите „Стари Радио“ и „Круна“ се почетоците на неговиот раст, а албумот „Алфа & Омега“ е албумот со кој целиот Балкан и пошироко дозна кој е Јала Брат.

Од тој момент па се до ден денес тој објавува редовно песни кои имаат милионски прегледи.

Total
0
Shares
Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Слични написи