Сте ја слушнале ли „Moonlight“ од Романката Антонија

Во светот на романската музика кој има таленти во изобилство, пејачката Антонија (Antonia) е дел од најдинамичните и сестрани ѕвезди во индустријата. Со својата прва соработка со KiDi на песната „Moonlight“ пејачката уште еднаш го докажа својот уметнички израз на креирање музика што може да биде допадлива за публиката од целиот свет.

Песната е посебна за мене, слатка, нежна и полна со љубов. Мило ми е што имав можност да работам со KiDi на неа. Неговото чувство и вокал ја направија „Moonlight” совршена.

изјави Антонија за Kiss FM

Динамичниот сингл е креиран во соработка со Џордан Шо (Jordan Shaw), Jonasu, KiDi, Александру Турку (Alexandru Turcu) и Аки (Achi). На текстот работеа Jordan Shaw, Jonasu и KiDi, а продукцијата е на Александру Турку и Achi. Moonlight е летен поп-хит во кој пејачката и музичкиот тим одлично ги споиле африканскиот ритам и вокалот на Антонија.

Музичкиот пат на Антонија е помалку неверојатен. Пејачката Antonia Clara Iacobescu е родена во Букурешт, но голем дел од детството поминала во САД. Пораснала во Јута, а подоцна со семејството се преселила во Лас Вегас, Невада и започнала да работи како модел. На осумнаесет години целото семејство се враќа назад во Романија, откако американските власти откриле дека престојуваат без документи. Пејачката никогаш во целост не се откажала од враќање во САД и се надева дека во иднина ќе одржи и турнеја во САД.

Музичкиот пат на Антонија започна во 2009 година и средбата со романскиот продуцент Том Боксер (Tom Boxer). Заедно со Pink Room ја издадоа песната „Roses on Fire“. Соработката со Том ги донесе и песните „Morena“ и „Shake it Mamma“.

Последната соработка со KiDi, песната Moonlight е доказ за способноста на пејачката да не се ограничува музички и да ја освои светската публика. Песна има динамичен и заразен африкански ритам, кој заедно со вокалот на Антонија помогнаа Moonlight речиси веднаш да стане хит. Со оглед на тоа дека Moonlight е издаденa на 8 септември, за време на летото, веројатно не е изненадување што главните теми се поврзани со романсата и страста.

Романсата и страста се отсликани и во музичкото видео што го креираше Богдан Паун (Bogdan Păun) од NGM Creative.

KiDi е сценско име на Денис Нана Двамена (Dennis Nana Dwamena). Тој веќе десетина години е присутен на музичката сцена. Јавноста во Гана го запозна откако ја освои наградата MTN Hit Maker за Гана во 2015 година. Оттогаш пејачот има издадено повеќе хитови: „Say You Love Me“, „Odo“, и „Enjoyment“ благодарение на кои не само што освојуваше награди и номинации туку и се здобивање  со поголема слава.

Ова е прва заедничка соработка на Антонија и KiDi, но секако не е прва соработка за секој од нив. Во 2022 година, Антонија веќе ја издаде песната „Una Favela“ со Qodës и со неа успеа да ги освои топ листите во Грција и Бугарија. Ова е четврта песна на Антонија годинава. Претходно ги издаде „Ping Pong“, „Dududum“ и „Late Night Feelings“. За годината да биде и поуспешна, Антонија се појави и во филмот „Акционен пакет“ (Haita de Acţiune).

Покрај музичката и филмска кариера Антонија имаше проекти и во модната индустрија. Во 2013 година пејачката ја претстави својата облека под брендот MOJA.

Total
0
Shares
Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Слични написи