Oбожавателите на хип-хоп дрил музиката оваа недела ги изненади најавата за соработка на динамичните ѕвезди Ice Spice и Рема (Rema). Синглот „Pretty Girl“ излегува на 13 октомври, петок. Објавата е споделена на Instagram профилот на 23-годишната хип-хоп артистка од Бронкс. Најавата за песната е пропратена со илустрација со живи бои, која можеби и ќе заврши како омот за изданието. Рема, кој речиси само што ја заврши својата соработка со Feid на траката „Bubalu“ ја сподели веста за премиерата на својот Instagram профил, со што дополнително придонесе да се прошири возбудата за новата песна.
Ice Spice иако е релативно нова во музиката веќе има импресивно портфолио на соработки, вклучувајќи ги и Тејлор Свифт (Taylor Swift), PinkPantheress, Lil Tjay и Ники Минаж (Nicki Minaj). Ниту Рема не е нов со соработките. Веќе соработуваше со Селена Гомез (Selena Gomez) на песната „Calm Down“ која во 2022 која се искачи на трето место на топ листата на Billboard. Комбинацијата на талент, динамика и енергија ветува дека и со новата трака обожавателите ќе имаат причини за задоволство.
За Icy Spice возбудата и новитетите не завршуваат со новиот сингл. Пејачката ќе го има своето деби и на популарното комично шоу Saturday Night Live. Издавањето на синглот ќе биде само еден ден пред пејачката да се појави на шоуто. Ова ќе ѝ овозможи да го искористи настапот и за промоција на синглот. Појавувањето на популарната комична емисија е своевидно одбележје во кариерата на музичарите, но и на актерите, и јавните личности. Гостувањето на Ice Spice во SNL ќе биде во првата епизодата по паузата поради штрајкот на сценаристите.
Пејачката неодамна зборуваше за соработките со музичките ѕвезди и блиското пријателство со Ники Минаж и Тејлор Свифт. Со Минаж ги издаде „Princess Diana“ и „Barbie World“, а со Свифт соработува на „Karma“ во интервју за Variety. Icy е воодушевена од Тејлор, но ова чувство е взаемно. Свифт вели дека „може да се поистовети со Icy“, а „посветеноста и фокусот и се неверојатни“. Овие квалитети без сомневање и помогнаа за брзиот раст во музичката индустрија.
„Таа e екстремно професионална без да биде ладна. Разиграна и забавна, без да заборави за што работи“
вели Тејлор.
Ice Spice со награди на BET Hip Hop Awards
Покрај сѐ ова, неделата на Icy Spice е уште и подобра. За ова придонесе нејзиното учество на BET Hip Hop Awards. Пејачката ја освои „Best Breakthrough Hip Hop Artist“ наградата. Очекувањата се дека Icy нема да биде гледач ниту на Grammy наградите. Како што се приближува времето за објавување на номинациите за Греми, изгледа поизвесно дека Ice Spice кога ќе бидат објавени номинациите на 10-ти ноември ќе биде номинирана во категоријата „Најдобар нов изведувач. Ова признание дополнително ќе го зацврсти нејзиниот статус на ѕвезда во подем во музичката индустрија.
Патот до успехот на Ice Spice е речиси подеднакво интересен како и нејзината музика. Родена e како Изис Наија Гастон во Бронкс, Њујорк. Инспирирана од уметници како Лил Ким (Lil’ Kim) и Ники Минаж, ја откри својата страст за хип хопот уште како дете. Се соочи со многу предизвици и неуспеси, но Ice Spice истраја, и на крајот во 2021 година го привлече вниманието на продуцентот RiotUSA. Синглот со кој се прослави „Munch (Feelin’ U)“ и донесе вртоглава популарност на платформите како TikTok, со што самата влета во центарот на вниманието.
Со својот уникатен стил и неспорен талент, Ice Spice брзо се здоби со влијание на рап сцената. Додека обожавателите со нетрпение го очекуваат објавувањето на „Pretty Girl“ и нејзиното деби во SNL, очигледно е дека ѕвездата на Ice Spice ќе продолжи да расте, зацврстувајќи го своето место меѓу најсветлите нови таленти во индустријата.