Beny Jr и Dellafuente дел од ремиксот на песната „No Estuviste En Lo Malo“ од Морад

Песната „No Estuviste En Lo Malo“ од Морад (Morad) доби нова верзија. Но, овој пат Морад не е сам. Бени Јр (Beny Jr) и Делафуенте (Dellafuente) се артистите кои соработуваат и учествуваат во ремиксот на старата песна на Морад.

„No Estuviste En Lo Malo“ е песна од албумот „Reinsertado“. Албумот е објавен оваа година (2023) на 12 мај, а ремиксот е објавен за нешто помалку од пет месеци после него.

Ремиксот на песната премиерно е објавен на 5 октомври 2023. Со ремиксот е промовирано и музичко видео што одлично се вклопува со ритамот и тематиката на песната.

Бени Јр е шпански рапер кој е роден во Мароко. Неговата кариера започнала во 2018, а албумот „Trap and Love“ објавен две години подоцна е неговата отскочна даска во кариерата.

За него ова не е прва соработка со Морад. Тие заедно имаат објавено проширено издание (EP) кое го носи името „Capitulo 1“, во кое се наоѓа и најпознатата песна на овие изведувачи. Песната „Sigue“ има повеќе од 100 милиони прегледи на Јутуб и над 155 милиони стримови (преслушувања) на Спотифај.

Siempre Que Amanece“ и „Ven a Ver“ се песни што се разултат на соработката помеѓу Морад и Dellafuente. Тие се објавени во 2019 и 2020 година. Секаде каде што учествувал Морад имало снимките за песните имале милионски прегледи. Тоа е случајот и со овие две песни.

Ремиксот „No Estuviste En Lo Malo“ е достапен на сите популарни платформи за преслушување музика.

Total
0
Shares
Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Слични написи