Тејлор Свифт: Турнејата „Eras“ во Cineplexx

Во октомври 2023, македонските обожаватели на Тејлор Свифт заедно со фановите на пејачката од целиот свет ќе можат да ја погледнат турнејата Ерас (Eras) во кино салите. Премиерата на „Taylor Swift: The Eras Tour“ во Скопје ќе биде во Cineplexx. Претставите како насекаде во светот започнуваат на 13 октомври 2023 во 18 часот.

Филмот е во режија на Сам Вренч (Sam Wrench) и продуциран од пејачката (Taylor Swift Productions). Гледачите ќе можат да погледнат снимен материјал од првите три од шесте концерти одржани на „SoFi“ стадионот во Калифорнија во август. Иако пост-продукцијата на филмот е во период во кој Холивуд штрајкува, синдикатот на филмски работници SAG-AFTRA дозволи да продолжи продукцијата.

Филмот ќе биде прикажуван во над 100 држави и само во САД од претпродажба во првиот ден заработи 37 милиони долари. На глобално ниво само од претпродажбата филмот веќе заработи 100 милиони долари!

Должината на филмот е 168 минути. Извесно е дека нема да гo покрие целото тричасовно траење и сите 44 песни кои Тејлор Свифт ги изведува на концертите. Засега, што сѐ е снимено, и како изгледа конечниот производ се држи во тајност. Пејачката за издавањето на филмот во целост ги прескокна издавачите и директно преговараше со кината.

Ова не е прв пат концертите на Свифт да се изведуваат пред големото платно. Eras е четврти концертен филм кој ја следи на турнејата. Претходно беа издадени документарни филмови за нејзините албуми „Fearless“, „1989“ и „Reputation“. Филмот „Lover“ од 2019 година, е единствениот концерт со кој го промовираше истоимениот албум, откако Ковидпандемијата (Covid) го спречи реализирањето на концертите.

Фановите на Свифт во иднина можат да го очекуваат и нејзиното режисерско деби за Searchlight Pictures. Засега за овој филм нема никакви дополнителни детали.

Колкаво е влијанието на Свифт можеби најдобро покажува што откако пејачката изненади дел од филмските студија со премиерата, тие одлучија да ги преместат своите филмови околу „Taylor Swift: The Eras Tour“.

Билетите се веќе достапни во продажба, а првите неколку проекции се речиси распродадени. Цената на билетите за 2Д-проекции вo Cineplexx е од 210 до 300 денари.

Тејлор Свифт: Турнејата „Eras“ (The Eras Tour)

Турнејата Eras е шеста концертна турнеја на Тејлор Свифт. Пејачката ја опишува како патешествие низ своите музички „ери“. Турнејата е прослава на сите албуми на пејачката и е најголема досега. Тејлор ќе има 146 настапи на 5 континенти.

Постер на филмот / AMC Theatres, Fair use, https://en.wikipedia.org/w/index.php?curid=74720608

„Eras Tour“ беше најавена веднаш по издавањето на нејзиниот 10-ти албум Midnights во 2022. Настапите се започнати од март 2023. Првиот концерт на турнејата се одржа во Глендејл, САД. До крајот на годината турнејата ќе се пресели од САД во Канада.

Концептот на концертот е интересен. Настапот е поделен во 10 дела, секој дел соодветствува на еден од албумите. Патешествието низ 10 албуми не е кратко, па концертите се значително подолги, и траат над 3 часа. Тејлор е миленик и на обожавателите, но и на критиката која не штеди зборови за да ја пофали турнејата.

За време на турнејата Тејлор Свифт објави и издаде повеќе албуми и различни изданија. Продолженото издание на Midnights, дел од реизданијата познати под името „Taylor’s Version“: Speak Now (Taylor’s Version) и 1989 (Taylor’s Version), видео записите за „Karma“ и „I Can See You“ и изданието на синглот „Cruel Summer“ се случија за време на турнејата.

Total
0
Shares
1 comments
Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Слични написи