Игор Бузов ја објави новата песна „Пијесак“ во која му гостува познатиот босански рапер Буба Корели (Buba Corelli). Песната е објавена од издавачот Империа.
Ретко може да го слушнеме Буба Корели во некоја песна без Џала Брат (Jala Brat). „Irina Shayk“ е неговата последна соло песна. Тој во свото музичко портфолио има само неколку песни како соло изведувач или во кои соработувал, а тоа да не е Џала Брат. Оваа песна е една од тие.
Игор и Буба ги искористија последните зраци од летното сонце за да го снимат спотот за песната „Пијесак“. Песната е објавена во последните денови на месец септември. Два дена по објавувањето на песната таа се наоѓа на трендинг листата на Јутуб.
„Паника“ сега веќе е предпоследната песна на Игор Бузов на која тој соработува со Сајфер и Медицо. Игор Бузов има повеќе соработки со познатиот Девито, македонецот Ген кој живее во Швајцарија и Цунами Фло од Босна и Херцеговина.
Игор Бузов заедно со Буба Корели се автори на музиката и текстот на песната. Амар Карахасанович го работел аудиомиксот и мастерингот, а РимДа аранжманот на песната. Придружните вокали се на Ана Поповиќ кои ја збогатуваат песната.
„Пијесак“ е достапна и на сите популарни платформи за преслушување на музиката вклучително и Спотифај (Spotify), Дизер (Deezer) и Apple Music.