„Move It“ од Brass Brothers е нивниот нов сингл

Brass Brothers - Move It

Move It” од Brass Brothers е нивниот нов сингл со кој го најавуваат нивниот прв албум. Македонската музичка атракција Brass Brothers позната по извонредно динамичните живи настапи ви го претставува новиот сингл насловен како „Move It“. Оваа песна ќе се најде на нивниот прв албум „Balkan Mayhem“ (Балкански хаос). Оваа нумера е создадена за време на пандемијата како одговор на сите стеги и забрани со кои се соочуваше човештвото.

Денес, кога конечно слободно „излегува“ пред публиката, нумерата „Move It“ има за цел да ни го продолжи летото. Песната треба да ни помогне да ги живееме овие луди времиња со насмевка на лицето.

„Move It“ од Brass Brothers е достапна за слободно преслушување на сите дигитални платформи. За оние што сакаат да имаат копија, може да ја набават од дигитални музички продавници.

Кратко за Brass Brothers

Brass Brothers (слободен превод: Браќа во дувачки инструменти) е македонски музички бенд формиран пред 10 години. Бендот е составен од професионалните и талентираните музичари:

Оваа група е препознатлива по своите експлозивни и динамични живи настапи, што прави незаменлив перформанс.

Brass Brothers донесе уникатна автентична енергија на македонската музичка сцена. Тоа е поради специфичната комбинација од брас секцијата и динамичниот звук. Зад себе ги имаат авторските нумери а една од нив е „Време Невреме“ на македонски јазик. Други пет нумери од првиот албум на англиски јазик се:

  • „Balkan Mayhem“
  • „Winner“
  • „The Spark“
  • „Inseparable“ и
  • „Take My Hand“

Нумерата „We Are Energy“ ќе се најде на вториот албум со истиот назив „We Are Energy“ (Ние сме енергија).

Brass Brothers / Фотографијата е обезбедена од тимот за односи со јавност на бендот за потребите на овој напис

Албумот „Balkan Mayhem“ претставува извонреден креативен спој на македонската и балканската музичка традиција и свежи звуци и модерни елементи. Со овој енергичен албум, Brass Brothers создадоа уникатен звук и испратија моќна порака до својата публика од целиот свет. Со вториот албум „We Are Energy“, Brass Brothers  ќе продолжат да го развиваат својот уникатен стил. Но ќе донесат и многу нови експериментални креации што несомнено ќе ја освежат македонската, но и светската музика сцена.


(Текстот е базиран на соопштение за јавноста што пристигна на нашата адреса)

Total
0
Shares
Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Слични написи