„Чигириги“ е името на новата песна на Нучи (Nucci). Песната заедно со видео спотот е објавена на 29 септември. Како и повеќето песни од Нучи, така и оваа е објавена на дискографската куќа Генерација Зед.
Српскиот артист е препознатлив по интересните стајлинзи. Така и ја најави оваа песна. Тој на својот инстаграм профил објави пост со кој ја најави оваа песна 4 дена пред да биде официјално објавена.
Самсунг (Samsung) се главните спонзори на новата песна „Чигириги“. Видео спотот на песната „Чигириги“ е снимен со еден од телефоните на Самсунг (Samsung).
Игор Панич – Нучи е српски артист кој има 27 години. Песните „Уџи на WA“ и „БеБо“ се првите песни со кои Нучи стекна поголема популарност. Песната „Уџи на WA“ моментално број повеќе од 42 милиони прегледи на Јутуб.
Нучи во новата песната „Чигириги“ има улога на текстописец и автор на музиката. Автор на музиката исто така е и Лимени. Аудимиксот, мастерингот и аранжманот е на Попов.