„Чекори“ од Noizy и Yll Limani

Потрагата летово по најдобрите певливи траки од регионот што брзо „влегуваат“ во уво, нѐ донесе до Ноизи (Noizy )и Ил Лимани (Yll Limani) и до нивниот сингл Хапа „Hapa“ (Чекори). Песната го имаше своето деби на 8 август 2023 како дел од „Alpha Show“ проектот, и вирално се рашири на друштвените мрежи.

„Чекори“ раскажува приказна за грешка направена под влијание на алкохол, изгубена љубов и каење. Ова некако не се теми кои често се присутни во летните хитови, но Noizy и Yll Limani успеваат да го искомбинираат со заразниот ритам и мелодичниот лајтмотив што те тера да си потпевнеш и да ја мрдаш главата горе-долу.

Зад сценското име Noizy се крие албанскиот рапер Ригелс Рајку (Rigels Rajku) кој воедно е и текстописец и претприемач. Noizy е креатор на брендираната облека „Illyrian Bloodlineшто се продава во Албанија, Косово и Македонија. На музички план препознатлив е по „Otr me Tjetr“ на која соработува со Дуа Липа и „A Po Don“ – соработка со Ера Истрефи. Noizy зад себе има два студиски албуми „The Leader“ (2017) и „Ghetto Millionaire“ (2019).

Yll Limani е пејач и текстописец со потекло од Приштина. Јавноста го запозна со неговиот настап на The Voice of Albania во 2011. Работи од 2015 година и има повеќе синглови на првите места на албанските топ листи. На синглот „Nuk po kalojka“ соработуваше со продуцентот Дарко Димитров.

Total
0
Shares
Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Слични написи