Нов сингл од YOVA во октомври, побрзо од очекуваното

Јова Радевска - Нов сингл од YOVA во октомври

Македонско-британското дуо Јова (Yova) составено од Јова Радевска и Марк Вернон (Mark Vernon) има пријатно изненадување за своите обожаватели. новиот сингл од Yova во октомври ќе биде објавен порано од очекувањата. Нашите информации велат дека синглот ќе биде промовиран уште првата недела од октомври.

Yova на своите песни соработува со голем број извонредни музичари. Дознаваме дека дел од имињата што учествуваат во реализација на претстојниот сингл се: Алекс Томас (Alex Thomas) кој настапува со Џон Кејл (Јohn Cale) од Velvet Underground и Ана Калви (Anna Calvi) која веројатно за најголем дел од публиката е позната како композитор за популарната ТВ серија Peaky Blinders. Гитарата е отсвирена од Џејмс Седвардс (James Sedwards) кој е соработник во дел од музичките проекти на Турстон Мур (Thurston Moore) – еден од членовите на Соникјут (Sonic Youth). Вообичаено со Yova настапуваат и Кејт Мур (Kate Moore) на виолончело и Даниел О’Саливен (Daniel O’Sullivan) на бас.

Дневна музика 253: Би Џеј Кол и Емили Буриџ - 10 јуни 2017 / Фотограф: Пол Хадсон (Paul Hudson) / CC BY 2.0
Дневна музика 253: Би Џеј Кол и Емили Буриџ – 10 јуни 2017 / Фотограф: Пол Хадсон (Paul Hudson) / CC BY 2.0

Се подразбира, Марк Вернон (Mark T. Vernon) е во неговата природна околина зад пијаното но и акустичната гитара. Вернон од почетокот на деведесеттите години (30+ години) успешно ја води фирмата Firebrand Management преку која дава менаџмент услуги на изведувачи. Тој во својата менаџерска и промотерска кариера е и менаџер на Би Џеј Кол (BJ Cole) уште од 1994 година кој во светот е познат како “pedal steel guitar player” – тоа е музичар кој е специјализиран за свирење на челична гитара со педали, која е уникатен и специјализиран тип на гитара. Гитарата со челик на педали обично се свири во седечка положба и е позната по својот специфичен звук, кој се карактеризира со мазни, лизгачки ноти и способност да создава сложени, емотивни мелодии. Во една прилика познатиот музичар Стинг (Sting) ќе изјави за BJ Cole:

Стинг настапува на скалите на Националната галерија на портрети во Вашингтон – 2 Јуни 2018/ Photographer: Мајк Магуире (Mike Maguire) / CC BY 2.0

„Би рекол дека е најдобар гитарист на челична гитара со педали…“

Sting за BJ Cole

На музичките приказни, релациите и соработките на одличните уметници им нема крај. Но она што е важно за написот и претстојниот сингл на Yova е што со ваков тим кој горе-долу е стандардниот не може да очекуваме ништо полошо од одлично музичко искуство и уште една одлично раскажана музичка приказна од гласноговорничката (читај вокалистката) на Yova, Јова Радевска.

За насловот на песната ќе мора да ја оставиме нашата имагинација да работи до денот на промоцијата, кога ќе може и официјално да ја преслушаме песната. Во меѓувреме може да се потсетиме уживајќи во музиката на Yova нa некоја од популарните платформи. Да и дозволиме на имагинацијата да работи за погодувањето на називот на песната и нејзината содржина и семантика, потсетувајќи се на музичкото портфолио на Yova.

Наша препорака за преслушување е првиот албум насловен како „Nine Lives“ (Девет животи).

Total
0
Shares
Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Слични написи