Доаѓам дома, Ашер (Usher) ги израдува обожавателите откако објави дека ќе има нов албум од него. Пејачот најави дека во 2024 година ќе го објави својот нов албум „Coming Home“ (Доаѓам дома). Веста доаѓа речиси истовремено со најавата дека ќе настапува на полувремето на следниот Super Bowl, пренесе Billboard.
„Огромна е честа што конечно ќе можам да ја пречкртам изведбата на Super Bowl од листата работи кои сакам да ги направам. Со нетрпение очекувам да направам шоу кое светот го нема видено досега од мене. Им благодарам на обожавателите и на сите кои ми ја овозможија оваа прилика. Се гледаме наскоро.“
објави Ашер
„Coming Home“ ќе биде деветти студиски албум на пејачот од Атланта. Претходниот албум „Hard Il Love“ го издаде во 2016. Новиот албум ќе излезе на истиот ден со Super Bowl LVIII на 11 февруари 2024 година. Најавата дојде со илустрација од албумот која пејачот ја сподели на Twitter X.
Доаѓам дома, Ашер го најави преку соработката со „Summer Walker“ и „21 Savage“ на песната Good Good. Првиот сингл од „Coming Home“ албумот излезе на 4 август 2023.