Црногорскиот рапер Рандом објави нова песна

Рандом објави нова песна

Пробав“ (Proba’) е нов сингл на црногорскиот раперот Рандом (Random). Синглот е издаден на 20 септември 2023 на повеќе дигитални платформи за преслушување музика (Спотифај).

Пробав низ меланхолична рефлексија, носи ноти на разиграност и рамнодушност кон различните животни искуства, со преиспитување на вообичаената флоскула дека човекот треба да проба што е можно повеќе работи, за да биде среќен и богат.

Песната „Пробав“ е втората најава за новиот албум на раперот. Претходниот сингл „Blue Dream Sativa“ беше прва песна со која го најави новиот албум со наслов „Оригано“ (Origano).

Текстот и вокалите на траката се на Рандом, а за музиката, снимањето, миксот и мастерингот е задолжено студиото „Knowhere2Run“ од Подгорица. Оваа соработка помеѓу Random и Knowhere2Run трае подолг период, и по сѐ изгледа нема да заврши скоро.

Видео записот на „Пробав“ е дело на продукцијата SVL films и Балша Кркељиќ – Сивило (Balša Krkeljić – Sivilo).

Random е сценско име на Марко Лубарда (Marko Lubarda) од Подгорица – Црна Гора. Марко досега има 9 „рап борби“ и 3 Rap Skillz титули. Соло или дел од Džej Džej Okoča (Okočica) има издадено повеќе студиски EP и LP изданија. Моментално е актуелен со неговиот последен албум „Еве види“ (Eo viđi).

Total
0
Shares
1 comments
Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Слични написи