Тејлор Свифт ги откри новите песни за „1989 (Taylor’s Version)“

На обожавателите на Тејлор Свифт (Taylor Swift) не им требаше премногу време за да решат 33 милиони загатки и да ги дознаат сите песни на новото реиздание на албумот „1989 (Taylor’s Version)“. Покрај песните од оригиналниот албум на Тејлор, на новата верзија ќе се најдат уште четири песни.

  • Is It Over Now?“,
  • Now That We Don’t Talk“,
  • Say Don’t Go“ и
  • Suburban Legends

Со ова се откриени четири од петте имиња на новите песни што ќе го дополнат списокот на одново снимениот албум, но со додадени пет нови песни.

Праксата на популарната пејачка на реизданијата е да додаде по некоја нова песна што не е на оригиналното издание. Песните што ги додава доаѓаат од „From the Vault“ листа на неиздадени песни. Тејлор Свифт истото го направи и со реизданијата на „Fearless“, „Red“ и „Speak Now“.

„Да бидам целосно искрена ова е моето ОМИЛЕНО реиздание што го имам направено. 5 From the Vault песни се неверојатни. Не ми се верува дека беа оставени.“

вели ТЕјлор Свифт

Промоција и соработка на Тејлор Свифт и Гугл

Песните кои ќе бидат додадени на албумот Тејлор Свифт ги откри со интересна и оригинална промоција што ја направи во соработка со Гугл (Google). Со секое пребарување на „Taylor Swift“ во десниот долен агол се појавуваше малечок сеф. Сефот криеше „word-scramble “ загатки, што посетителите требаше да ги решат. Гугл и Свифт креираа 89 уникатни загатки. Секој пронајден збор требаше да се внесе во пребарувачот и доколку беше точен се добиваше 1 клуч. За откривањето на песните беа потребни вкупно 33 милиони клучеви. По неколку часа обожавателите внесоа 33 милиони точни одговори и на тој начин беа објавени имињата на новите четири песни што ќе се најдат на реизданието на албумот. Еве како изгледаше тоа:

Додека траеше „играта“ Гугл објави дека поради преголемиот број на посетители „сефот е заглавен“.

Тејлор Свифт започна да ги реиздава своите албуми во 2021 година. Причината за повторното објавување е купувањето на издавачката куќа Биг машин (Big Machine). Мастер снимките на изданијата се продадени на инвестициски фонд за триста милиони долари. Таа се обиде да најде решение и да ги врати назад оригиналните изданија, но откако напорите не вродија со плод одлучи да ги реиздаде албумите.

Реизданието 1989 (Taylor’s Version) излегува на 27 октомври 2023. Албумот е веќе достапен во претпродажба на онлајн продавницата на Тејлор.

Total
0
Shares
Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Слични написи