Денови на летото – носталгична приказна од Смајли

Денови на летото“ (Days of Summer) од романскиот пејач Смајли (Smiley), има заразна летна мелодија што ја опишува суштината на крајот на безгрижните денови под сонцето. Смајли е псевдоним на романскиот пејач, актер, продуцент и претприемач Андреј Тибериу Марија (Andrei Tiberiu Maria).

„Денови на летото“ е поп песна што одлично ги покажува музичките вештини на Смајли. На оваа песна тој соработува со Владимир Коман-Попеску (Vladimir Coman-Popescu) со кој соработуваа на создавање на музиката за песната. Текстот е дело на Смајли, што придонесува во создавањето автентична субјективна лирика од изведувачот на песната.

Промоцијата на траката и издавањето на видео записот се одржаа на 14 септември 2023.

Веселата мелодија и ритамот на песната ја прават пријатна за слушање, совршена за последните сончеви денови на плажата или за патувања со пријателите.

Ако мелодијата и ритамот можат веднаш да ви го подобрат расположените, текстот е носталгично потсетување и копнеж по случувањата од летото што завршува.

Песната има едноставна, но заразна мелодија. Сепак, музиката не секогаш мора да биде претерано комплексна за да уживатеме во неа. Понекогаш едноставното задоволство од потпевнување на заразен рефрен, тапкање со нозе во ритамот на песната е доволно да уживаме во песните. „Денови на летото“ од Смајли нуди освежувачки личен момент во својата некомплицирана убавина, потсетувајќи нè да уживаме во едноставните задоволства на животот додека се тука и во моментот во кој се наоѓаме.

Додека се релаксирате во последните денови под сонцето на летото што заминува и се потсетувате на спомените од него, не заборавајте да ја вклучите оваа весела песна на вашата плејлиста за совршените денови од летото.

Романија има одлични кантавтори, а Смајли е еклатантен пример за тоа.

Total
0
Shares
Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Слични написи