Запознајте ја Рут Колева

Рут Колева е пејачка родена во Софија – Бугарија, студирала во Холандија, а живее и работи на релација Бугарија-САД. Нејзиниот живот е приказна за издржливост, храброст и страст кои и помогнаа да се пробие на музичката сцена.

Колева е родена во Софија, Бугарија во 1990 година. Периодот веднаш по падот на комунизмот во Источна Европа, беше ужасно лош во најголем дел од државите од Советскиот блок. Пејачката е ќерка на познатиот бугарски дигач на тегови Неделчо Колев, Олимпиец и светски шампион во Хавана (1973) и Манила (1974). На Олимписките игри во Москва (1980) ги освои бронзениот медал. За жал 90-те беа период на финансиски колапс за многу држави од регионот.

Нејзиниот живот имал непредвидлива промена откако Рут заедно со татко и се селеле во Бахреин, Индија и Тајланд, додека татко ѝ работел како тренер. Ова значеше и дека Рут живеела далеку од мајка ѝ и нејзиниот брат близнак, што несомнено подоцна ќе влијае и на музиката.

На 15 години го потпишала првиот договор со менаџерот Џо Флечер (Joe Fletcher) и заминала во САД. Првата авторска песна „Clean your heart“ ја објави на 15 години во соработка со Џами Јут (Jahmmy Youth).

На 9 април 2011 го издаде деби албумот „Within Whispers“, a истата година списанието GRAZIA и ја додели наградата Жена на годината во категорија Музика. Продуцентот Марк Ронсон (Mark Ronson) познат по соработките со Ами Вајнхаус (Amy Winehouse) и Лејди Гага (Lady Gaga) го нарече деби албумот на Рут „Неверојатен“ (Amazing). Во 2012 година го издаде вториот албум „Future Sweet EP“ и беше избрана за Пејачка на годината на БГ радио.

Уште во почетоците го презентираше својот уникатен стил на музика на нејзините настапи. Нејзиниот албум „RUTH“ во Бугарија ја освои главната награда на Бугарските радио награди во 2014 година. Интересно е што албумот и се допадна и на јапонската публика која купи илјадници копии.

Веќе во 2015 година, едвај неколку години по издавањето на првиот албум Рут е прогласена за највлијателна бугарска пејачка на друштвените мрежи.

Во 2017 во Јапонија пејачката го издаде својот петти студиски албум „Confidence. Truth“.

Елементи од страдањата на Рут, но и социјалните ангажмани како: поддршката за правата на LGBTQ+ заедницата, борбата против насилство во домот, подигање на свеста за менталните болести имаат влијание и на нејзината музичка кариера и на нејзината музика.

Досега има издадено дваесетина синглови и 6 студиски албуми. Пејачката во моментов е актуелна со синглот „Оригами“, кој го издаде на 7 јуни 2023.

Активизам и музика

Рут е едно од заштитните лица на фондацијата „И јас можам“ (И аз мога) и на кампањата на „Авон“ (Avon)(Ейвън) против ракот на дојката.

Песната „What you say to a girl?“ која пејачката ја издаде во 2017 година е посветена на борбата против домашното насилство во Бугарија.

Рут Колева е бранител на граѓанските права на ЛГБТ заедницата во Бугарија. Од 2014 година е еден од главните изведувачи на концертот на Sofia Pride.

Дискографија

  1. Within Whispers (2011)
  2. Future Sweet EP (2012)
  3. R U T H (2013)
  4. Rhythm Slave (Remix Album) (2015)
  5. Wake Up EP (2017)
  6. Confidence. Truth (2017)
Total
0
Shares
Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Слични написи