„Level Up“ (Ниво погоре) е новата песна на популарниот словенечки хип-хоп изведувач, продуцент и автор Дрил (Drill). Песната е објавена на крајот од летото, но далеку е од класична летна песна. Станува збор за трап трака со мрачен музичка подлога, па затоа тешко е да се атрибуира како летна песна.
Покрај вокалите, Drill е автор и на текстот. Придружните вокали на изданието се на Пиа Нина (Pia Nina). Музиката е на Гими Про (Gimi Pro) и Клемен „Kleen“ Зупанчиќ (Klemen Zupančič). Гими Про и Клин (Kleen) се задолжени и за аранжманот, а Клин го реализираше и аудиомиксот. Мастеринг за песната го направи RodAH.
„Level Up“ е втората песна на Drill оваа (2023) година. На 21 мај 2023, го објави синглот „Momentum“.
Зад сценското име „Drill“ се крие Андреj Бучар (Andrej Bučar). Досега самостојно или како дел од музичка група има издадено 7 албуми и повеќе синглови. Заедно со Блаж „Dpek“ Грачар (Blaž Gracar) започна како дел од дуото Rest in Chaos, а во 2010 година го објави својот прв самостоен албум.
Сите изданија се достапни во продажба на веб-страницата на Drill.