За најголемиот дел од нас летните одмори завршија и полека (или не баш толку полека) се враќаме на работа. Но, не и Врчак. Познатиот пејач и продуцент оваа недела споделува фотографии од туристичка дестинација. Раде и натаму си ужива во летото, а по сликите се гледа дека кога храната е во прашање ужива во овошјето и десертите. Пред неколку месеци Врчак откри дека се храни речиси исклучиво со производи од растително потекло.
Својата последна песна „Да ме лижнеш“ пејачот ја објави на крајот на минатата година и реакциите беа поделени. Дали летниот одмор ќе биде доволен за да го инспирира за нова песна ќе почекаме да видиме.