Веројатно се сеќавате на комедијата „Мојата голема дебела грчка свадба“ (My Big Fat Greek Wedding). Она што можеби не го знаете е дека филмот стигна до трето продолжение кое ја имаше премиерата минатата недела. Дел од филмот е и насловната песна „Oli Mazi” (Сите заедно) од Рита Вилсон (Rita Wilson) и Христос Масторас (Χρήστος Μάστορας).
Актерката и пејачката заедно со популарниот грчки пејач ја отпеајаа песната за потребите на филмот. „Oli Mazi“ е дело на Вилсон и Дајaн Ворен (Diane Warren). Ворен е позната по соработките со Селин Дион (Celine Dion), Шер (Cher), Мараја Кери (Mariah Carey) и Бијонсе (Beyoncé).
„Грчкиот народ е познат по својата љубов кон семејството. Oli Mazi значи сите заедно. Песнава е за зближување на луѓето без разлика дали е тоа ваше семејство по раѓање или по избор, да се биде тука еден за друг и да се слави оваа љубов и поврзаност. Никој не е (грчки) остров. (Ти благодарам, Џон Дон.) Потребни сме си едни на други. Возбудена сум што повторно соработувам со грчкиот пејач Христос Масторас, и што заедно со мојата драга пријателка, големата Дајан Ворен ја напишавме Oli Mazi“
вели Рита Вилсон
Ова е втора соработка помеѓу Вилсон и Масторас. Во 2019 година соработуваа на песната „Let Me Be“. На двајцата оваа соработка им се сопадна, па едвај чекаа повторно да соработуваат на некоја песна.
„По нашата прва соработка на „Let Me Be“, огромно задоволство ми е да соработувам повторно со Рита Вилсон на оваа нова песна за My Big Fat Greek Wedding 3, филм на кој сум голем обожавател. „OLI МАЗИ (Сите сме заедно)“ е песна што ја засакав од моментот кога Рита ја сподели со мене. Се надевам дека луѓето ќе ја сакаат исто колку нас“
вели Маторас за Greek City Times.
„Мојата голема дебела грчка свадба 3“ ја имаше својата премиера минатата недела, на 8 септември 2023. Во моментов филмот игра во кино-салите низ целиот свет.