Џенифер Лопез го најави новиот албум, „Ова сум јас… сега“

Мегапопуларната американска поп-пејачка Џенифер Лопез (Jennifer Lopez) го најави својот нов албум. „This Is Me… Now“ (Ова сум јас… сега) ќе излезе во соработка со BMG. Пејачката треба да го издаде оваа година, јави Billboard.

„This Is Me…Now“ е деветто студиско издание на Џенифер Лопез и треба да биде продолжение на „This Is Me… Then“, албумот што излезе во 2002. Пејачката и во тој период, а и сега е во романтична врска со актерот Бен Афлек. Веројатно поради ова, дел од медиумите веќе го нарекоа албумот „Bennifer 2.0“.

Песните на албумот се снимени во 2022 и 2023 година во студиото на Лопез. Продукцијата на албумот е на Џенифер Лопез, Рожет Шахајед (Rogét Chahayed),  Ангел Лопез (Angel Lopez), и Џеф „Гити“ Гителман (Jeff “Gitty” Gitelman).

Новиот албум ќе биде деветто студиско издание на пејачката. Изгледа речиси неверојатно, но ова е и прв албум по пауза од девет години. Претходниот албум „A.K.A“ излезе во 2014 година.

Веќе се познати и некои детали од албумот. „This Is Me… Now“ ќе доаѓа со 13 песни, а објавена е и листата на песни:

  1. „This Is Me…Now“
  2. „To Be Yours”
  3. „Mad in Love”
  4. „Can’t Get Enough”
  5. „Rebound”
  6. „not.going.anywhere.”
  7. „Dear Ben, Pt. II”
  8. „Hummingbird”
  9. „Hearts and Flowers”
  10. „Broken Like Me”
  11. Тhis Time Around”
  12. „Midnight Trip to Vegas”
  13. „Greatest Love Story Never Told”
Total
0
Shares
Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Слични написи